На синоќешното доделување на наградите „Златен глобус“, доминираа филмовите Бруталист (The Brutalist) и Емилија Перез (Emilia Pérez), како и серијата Шогун (Shogun).
„The Brutalist”, кој имаше седум номинации, ги однесе некои од најголемите награди на вечерта.
Најноминираниот филм, „Emilia Pérez” со 10 номинации, однесе четири награди.
Во категоријата ТВ серии, „Shogun” ги однесе сите четири награди за кои беше номиниран. „The Bear“ имаше пет номинации и доби една награда, „Only Murders in the Building“ беше кандидат за четири награди, но не освои ниту една.
Нискобуџетната епска драма The Brutalist, која ја раскажува приказната за архитект кој го преживеал холокаустот, освои три награди: најдобар филм во категоријата драма, награда за најдобар актер (Адријан Броди) и награда за најдобра режија (Брејди Корбет). На крајот од својот говор, Корбет му оддаде почит на режисерот Џеф Баена, кој почина оваа недела.
Броди, кој претходно го загуби „Златниот глобус“ за улогата во Пијанистот пред да освои Оскар, го опиша филмот како „приказна за човечката способност за создавање.“
Крими-мјузиклот на Нетфликс Емилија Перез, кој беше најмногу номиниран филм на вечерта, освои четири награди: за најдобар филм – мјузикл или комедија, најдобра споредна женска улога за Зои Салдана, оригинална песна и најдобар филм кој не е на англиски јазик.
Салдана ја победи својата колешка Селена Гомез и Аријана Гранде од Wicked за наградата за споредна улога.
Изненадување беше и наградата за најдобра актерка во драма, која ја освои бразилската ѕвезда Фернанда Торес за нејзината улога во драмата I’m Still Here, сместена во 70-тите години на минатиот век. Таа ги победи Никол Кидман, Анџелина Џоли и Кејт Винслет. Торес наградата ѝ ја посвети на својата мајка, актерката Фернанда Монтенегро, која пред 25 години беше номинирана за „Златен глобус“ за улогата во Central Station.
Деми Мур ја освои наградата за најдобра актерка во мјузикл или комедија за The Substance, победувајќи ги Синтија Ериво и Мајки Медисон. – Не го очекував ова, изјави Мур, додавајќи дека досега ништо не освоила. Таа сподели емотивна приказна за недостигот на самодоверба поради тоа што не била сфатена сериозно.
Себастијан Стен ја изгуби наградата за најдобар актер во драма, но го освои „Златниот глобус“ за најдобар актер во мјузикл или комедија за улогата во A Different Man.
Иако Wicked беше исклучен од главните категории, му беше доделена награда за кинематографски и бокс-офис достигнувања – категорија која беше воведена минатата година и првпат ја освои филмот Barbie.
Целата листа на победници и номинирани:
Најдобар филм – драма
„The Brutalist”
Номинирани во оваа категорија: „The Brutalist”; „A Complete Unknown”; „Conclave”; „Dune: Part Two”; „Nickel Boys”; „September 5”
Најдобар филм комедија или мјузикл:
„Emilia Pérez”
Номинирани во оваа категорија: „Anora”; „Challengers”; „Emilia Pérez”; „A Real Pain”; „The Substance”; „Wicked”
Најдобар анимиран филм
„Flow”
Номинирани во оваа категорија: „Flow”; „Inside Out 2”; „Memoir of a Snail”; „Moana 2”; „The Wild Robot”; „Wallace and Gromit: Vengeance Most Fowl”
Достигнување во кино и бокс офис
„Wicked”
Номинирани во оваа категорија: “Alien: Romulus”; “Beetlejuice Beetlejuice”; “Deadpool & Wolverine”; “Gladiator II”; “Inside Out 2”; “Twisters”; “Wicked”; “The Wild Robot”
Најдобар филм, неанглиски јазик
“Emilia Pérez”
Номинирани во оваа категорија: „All We Imagine as Light”; „Emilia Pérez”; „The Girl With the Needle”; „I’m Still Here”; „The Seed of the Sacred Fig”; „Vermiglio”
Најдобра актерка во филм, драма
Fernanda Torres, „I’m Still Here”
Номинирани во оваа категорија: Pamela Anderson, „The Last Showgirl”; Angelina Jolie, „Maria”; Nicole Kidman, „Babygirl”; Tilda Swinton, „The Room Next Door”; Fernanda Torres, „I’m Still Here”; Kate Winslet, „Lee”
Најдобар актер во филм, драма
Adrien Brody, „The Brutalist”
Номинирани во оваа категорија: Adrien Brody, „The Brutalist”; Timothée Chalamet, „A Complete Unknown”; Daniel Craig, „Queer”; Colman Domingo, „Sing Sing”; Ralph Fiennes, „Conclave”; Sebastian Stan, „The Apprentice”
Најдобра актерка во филм, мјузикл или комедија
Demi Moore, „The Substance”
Номинирани во оваа категорија: Amy Adams, „Nightbitch”; Cynthia Erivo, „Wicked”; Karla Sofía Gascón, „Emilia Pérez”; Mikey Madison, „Anora”; Demi Moore, „The Substance”; Zendaya, „Challengers”
Најдобар актер во филм, мјузикл или комедија
Sebastian Stan, „A Different Man”
Номинирани во оваа категорија: Jesse Eisenberg, „A Real Pain”; Hugh Grant, „Heretic”; Gabriel LaBelle, „Saturday Night”; Jesse Plemons, „Kinds of Kindness”; Glen Powell, „Hit Man”; Sebastian Stan, „A Different Man”
Најдобра актерка во споредна улога во кој било филм
Zoe Saldaña, „Emilia Pérez”
Номинирани во оваа категорија: Selena Gomez, „Emilia Pérez”; Ariana Grande, „Wicked”; Felicity Jones, „The Brutalist”; Margaret Qualley, „The Substance”; Isabella Rossellini, „Conclave”; Zoe Saldaña, „Emilia Pérez”
Најдобра актер во споредна улога во кој било филм
Kieran Culkin, „A Real Pain”
Номинирани во оваа категорија: Yura Borisov, “Anora”; Kieran Culkin, “A Real Pain”; Edward Norton, “A Complete Unknown”; Guy Pearce, “The Brutalist”; Jeremy Strong, “The Apprentice”; Denzel Washington, “Gladiator II”
Најдобар режисер, филм
Brady Corbet, “The Brutalist”
Номинирани во оваа категорија: Jacques Audiard, “Emilia Pérez”; Sean Baker, “Anora”; Edward Berger, “Conclave”; Brady Corbet, “The Brutalist”; Coralie Fargeat, “The Substance”; Payal Kapadia, “All We Imagine as Light”
Најдобро сценарио, филм
Peter Straughan, “Conclave”
Номинирани во оваа категорија: Jacques Audiard, “Emilia Pérez”; Sean Baker, “Anora”; Brady Corbet and Mona Fastvold, “The Brutalist”; Jesse Eisenberg, “A Real Pain”; Coralie Fargeat, “The Substance”; Peter Straughan, “Conclave”
Најдобра оригинална музика, филм
Trent Reznor and Atticus Ross, “Challengers”
Номинирани во оваа категорија: Volker Bertelmann, “Conclave”; Daniel Blumberg, “The Brutalist”; Kris Bowers, “The Wild Robot”; Clément Ducol and Camille, “Emilia Pérez”; Trent Reznor and Atticus Ross, “Challengers”’ Hans Zimmer, “Dune: Part Two”
Најдобра оригинална песна, филм
“El Mal,” “Emilia Pérez”
Номинирани во оваа категорија: “Beautiful That Way,” “The Last Showgirl”; “Compress / Repress,” “Challengers”; “El Mal,” “Emilia Pérez”; “Forbidden Road,” “Better Man”; “Kiss The Sky,” “The Wild Robot”; “Mi Camino,” “Emilia Pérez”
Најдобра телевизиска серија, драма
“Shogun”
Номинирани во оваа категорија: “The Day of the Jackal”; “The Diplomat”; “Mr. & Mrs. Smith”; “Shogun”; “Slow Horses”; “Squid Game”
Најдобра телевизиска серија, мјузикл или комедија
“Hacks”
Read our feature.
Номинирани во оваа категорија: “Abbott Elementary”; “The Bear”; “The Gentlemen”; “Hacks”; “Nobody Wants This”; “Only Murders in the Building”
Најдобра ограничена серија, антологија или филм направен за телевизија
“Baby Reindeer”
Номинирани во оваа категорија: “Baby Reindeer”; “Disclaimer”; “Monsters: The Lyle and Erik Menendez Story”; “The Penguin”; “Ripley”; “True Detective: Night Country”
Најдобра актерка во телевизиска серија, драма
Anna Sawai, “Shogun”
Номинирани во оваа категорија: Kathy Bates, “Matlock”; Emma D’Arcy, “House of the Dragon”; Maya Erskine, “Mr. & Mrs. Smith”; Keira Knightley, “Black Doves”; Keri Russell, “The Diplomat”; Anna Sawai, “Shogun”
Најдобра изведба на актер во телевизиска серија, драма
Hiroyuki Sanada, “Shogun”
Номинирани во оваа категорија: Donald Glover, “Mr. & Mrs. Smith”; Jake Gyllenhaal, “Presumed Innocent”; Gary Oldman, “Slow Horses”; Eddie Redmayne, “The Day of the Jackal”; Hiroyuki Sanada, “Shogun”; Billy Bob Thornton, “Landman”
Најдобра изведба на актерка во телевизиска серија, мјузикл или комедија
Jean Smart, “Hacks”
Номинирани во оваа категорија: Kristen Bell, “Nobody Wants This”; Quinta Brunson, “Abbott Elementary”; Ayo Edebiri, “The Bear”; Selena Gomez, “Only Murders in the Building”; Kathryn Hahn, “Agatha All Along”; Jean Smart, “Hacks”
Најдобра изведба на актер во телевизиска серија, мјузикл или комедија
Jeremy Allen White, “The Bear”
Номинирани во оваа категорија: Adam Brody, “Nobody Wants This”; Ted Danson, “A Man on the Inside”; Steve Martin, “Only Murders in the Building”; Jason Segel, “Shrinking”; Martin Short, “Only Murders in the Building”; Jeremy Allen White, “The Bear”
Најдобра изведба од актерка во телевизиска ограничена серија, антологија или телевизиски филм
Jodie Foster, “True Detective: Night Country”
Номинирани во оваа категорија: Cate Blanchett, “Disclaimer”; Jodie Foster, “True Detective: Night Country”; Cristin Milioti, “The Penguin”; Sofía Vergara, “Griselda”; Naomi Watts, “Feud: Capote vs. The Swans”; Kate Winslet, “The Regime”
Најдобра изведба на актер во ограничена серија, антологиска серија на филм направен за телевизија
Colin Farrell, “The Penguin”
Номинирани во оваа категорија: Colin Farrell, “The Penguin”; Richard Gadd, “Baby Reindeer”; Kevin Kline, “Disclaimer”; Cooper Koch, “Monsters: the Lyle and Erik Menendez Story”; Ewan McGregor, “A Gentleman in Moscow”; Andrew Scott, “Ripley”
Најдобра изведба на актерка во телевизиска споредна улога
Jessica Gunning, “Baby Reindeer”
Номинирани во оваа категорија: Liza Colón-Zayas, “The Bear”; Hannah Einbinder, “Hacks”; Dakota Fanning, “Ripley”; Jessica Gunning, “Baby Reindeer”; Allison Janney, “The Diplomat”; Kali Reis, “True Detective: Night Country”
Најдобра изведба на актер во телевизиска споредна улога
Tadanobu Asano, “Shogun”
Номинирани во оваа категорија: Tadanobu Asano, “Shogun”; Javier Bardem, “Monsters: The Lyle and Erik Menendez Story”; Harrison Ford, “Shrinking”; Jack Lowden, “Slow Horses”; Diego Luna, “La Máquina”; Ebon Moss-Bachrach, “The Bear”
Најдобра изведба во стенд-ап комедија или телевизија
Ali Wong, “Ali Wong: Single Lady”
Номинирани во оваа категорија: Jamie Foxx, “Jamie Foxx: What Had Happened Was”; Nikki Glaser, “Nikki Glaser: Someday You’ll Die”; Seth Meyers, “Seth Meyers: Dad Man Walking”; Adam Sandler, “Adam Sandler: Love You”; Ali Wong, “Ali Wong: Single Lady”; Ramy Youssef, “Ramy Youssef: More Feelings”
Подготви: Б. Т.