ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Конгресот на САД ја потврди победата на Доналд Трамп, четири години по упадот во Капитолот на 6 јануари

January 7, 2025 09:25
in ДЕНЕС, СВЕТ

Конгресот на САД синоќа ја потврди победата на Доналд Трамп на претседателските избори во 2024 година против кандидатката на Демократската партија – актуелната потпретседателка Камала Харис. Потврдата се случи во кратка официјална церемонија, без многу врева и дебати на заедничка седница на Претставничкиот дом и Сенатот. Наспроти претходната сертификација на победникот на изборите во 2000 година,  демократот Џо Бајден, што беше пропратена со протести и упадот на 6 јануари 2021 година на толпа подржувачи на Трамп во Капитолот на САД.

Завршната сертификација ги потврди прелиминарните резултати според кои Трамп доби 312 електорски гласови, наспроти 226 за неговата противкандидка Камала Харис.

Потврдата на резултатите од изборите беше спроведено во кратка официјална церемонија, без многу тревога и дебати на заедничка седница на Претставничкиот дом и Сенатот. Претходната сертификација на победата на изборите во 2000 година на демократот Џо Бајден беше пропратена со протести и упадот на 6 јануари 2021 година на толпа подржувачи на републиканецот Трамп во Капитолот на САД, како резултат на што загинаа пет лица, меѓу нив и еден полицец, а беа ранети уште стотина.

На вчерашната седница претседаваше Харис, која ја извршува функцијата потпретседателка и претседавачка на Сенатот.

Харис во краток говор го призна својот пораз, додека актуелниот претседател Џо Бајден ја нагласи важноста на мирниот процес на пренос на власта.

Републиканската партија сега е во мнозинство во Сенатот, и ма мала предност во Претставничкиот дом. Овие фактори му даваат на Трамп поголема слобода да ги спроведе своите програми за намалување на даноците и борба против нелегалната имиграција.

Инаугурацијата на Трамп ќе се одржи на 20 јануари.

Трамп исто така најави дека планира да помилува одредени лица обвинети за учество во нападот на Капитол на 6 јануари 2021 година.

-Конгресот денеска ја потврди нашата голема победа на изборите – важен момент во историјата. MAGA!“ напиша Трамп на неговата социјална платформа „Truth Social“.

На крајот од 2022 година, Конгресот усвои законски мерки за зајакнување на заштитните механизми кои обезбедуваат законитост при сертификацијата.

Во новиот закон јасно е наведено дека улогата на потпретседателот е претежно церемонијална. Сите приговори против изборните резултати во која било сојузна држава сега треба да бидат поддржани од најмалку една петтина од составот на Претставничкиот дом и Сенатот пред  дебатите за нив. Претходно, за да се поднесе приговор за сертификацијата на резултатите во државата, беше доволно само со подршка на еден член на Претставничкиот дом и еден сенатор.

Покрај тоа, според законот, изборот на електори треба да се врши во согласност со државните закони усвоени пред денот на изборите, а гувернерите на сојузните држави се должни да го достават списокот на електори.

Tags: Доналд ТрампКонгресСАД
Next Post
Генерирано со ВИ ChatGPT

Ќе гнездам мечта

НАЈНОВО

Трамп, европски лидери. Фото: Скирншот, АП

Што истакнаа Трамп, Зеленски и европските лидери на заедничкиот состанок

August 18, 2025

Николоски: На крајот од мандатот на оваа Влада, Македонија ќе биде лидер во инфраструктура во регионот

August 18, 2025
Фото: ВИ

(ВИДЕО) Трамп вели дека планира да му се јави на Путин по денешните разговори

August 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

    Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВО ЖИВО) Зеленски му го предаде на Трамп писмото од украинската прва дама до Меланија Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Жерновски: Потребни се предвремени парламентарни избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Истражување: Витамините Б-2 и Б-7 ја ублажуваат Паркинсоновата болест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk