ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Регионалната стабилност и безбедност во фокусот на трилатералниот Самит Египет- Кипар- Грција

January 9, 2025 10:01
in ДЕНЕС, РЕГИОН, СВЕТ
Фото: Кабинет на грчкиот премиер

Фото: Кабинет на грчкиот премиер

Share on FacebookShare on Twitter

Регионалната стабилност и безбедност, регионалните случувања, економската и културната соработка, енергетиката и миграцијата беа во фокусот на вчерашната средба меѓу египетскиот претседател Абдел Фатах ал Сиси, кипарскиот претседател Никос Христодулидис и грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, за време на десетиот трилатерален Самит Грција-Египет-Кипар што се одржа во Каиро, јави дописничката на МИА од Атина.

Во заедничката декларација, тројцата лидери ја потврдуваат нивната „силна посветеност на мирот, стабилноста и соработката“ кои, како што велат, го дефинираат нивното „трилатерално партнерство“.

-Препознавајќи ги предизвиците и можностите што се развиваат во нашиот регион, ние се стремиме да ги надградиме нашите заеднички интереси и да продолжиме да работиме заедно за промовирање на безбедноста, економскиот просперитет и одржливиот развој за нашите народи и за пошироките региони на Медитеранот и Блискиот Исток, пишува во заедничката изјава.

За ситуацијата на Блискиот Исток, изразуваат „длабока загриженост за војната во Газа која резултираше со катастрофална хуманитарна ситуација“ и го повторуваат нивниот повик за „спроведување на соодветните резолуции на Советот за безбедност на ОН“, но и посочуваат дека „Египет, Кипар и Грција ги следат неодамнешните случувања во Сирија“ и нагласуваат дека треба, во согласност со меѓународното право, „целосно да се почитуваат, единството, независноста, суверенитетот и територијалниот интегритет на Сирија“.

Тројцата лидери се осврнуваат и на кипарското прашање за кое велат дека „сеопфатното и одржливото решение ќе придонесе за мирот и стабилноста во регионот“ и ја повторуваат поддршката за продолжување на мировниот процес, „кој повторно ќе го обедини Кипар како би-зонална, би-комунална федерација со единствен суверенитет, единствен меѓународен карактер и единствено државјанство, во согласност со соодветните резолуции на Советот за безбедност на ОН“.

Next Post

Лајчак разговарал со Гутереш за Западен Балкан и проширувањето на ЕУ

Shortcut

Најново

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии и 116 инциденти со насилство и закани

October 24, 2026

ХЕРА: Северна Македонија назадува во заштитата на човековите права и родовата еднаквост

October 23, 2026

Србија во изборен молк: Неизвесна трка

October 23, 2026

Над 134 илјади нерешени судски предмети во судовите

October 22, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – Северна Македонија останува изолирана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Есенска технолошка офанзива: Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk