ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Пратеникот Цветков до министерот Филков: Кој лаже за партиските смени во Судскиот совет, Мицкоски или вие?

January 16, 2025 14:39
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Пратеникот на СДСМ, Борче Цветков, на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања упати прашања до министерот за правда Игор Филков, кое се однесува за различните ставови на премиерот Мицкоски и министерот Филков за партиските смени во Судскиот совет.

„Министре Филков, довербата во судството е на најниско ниво, потребни се реформи и обезбедување на независно судство кое ќе работи по слово на Закон, ослободено од било какви влијанија.

Но, министре Филков, владата во којашто сте дел, на ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН, сосема спротивно, во изминатите 7 месеци наместо реформи во судството спроведува партизација односно класична окупација на судството.

Во сите три полуги на власта, извршна законодавна и судска власт спроведувате партиска интервенција и узурпација и тоа е дел од операцијата на воспоставување целосно контрола над судството.

Изборот на Данка Ристова, сопруга на градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ, за член на Судскиот совет е јасна потврда за ова што го говорам.

Ова не е изолиран случај, туку јасна стратегија. Како што беше во времето на Груевски, така и денес, сакате судиите да бидат само пиони кои ќе носат одлуки според партиски директиви.

Истото се случи и во Советот на јавни обвинители.

За член на Советот на јавни обвинители избравте избравте член кој самиот се претстави како координатор на политичка партијата.

Наместо независни институции кои ќе судат по словото на законот, заедно со ДПМНЕ и ВЛЕН создавате партиски контролиран судски систем кој ќе служи како ваша алатка за политички прогон и заштита на криминалот во редовите на власта.

Ова е истиот рецепт од времето на Груевски, кога судиите беа алатки на режимот, а правдата беше глува за граѓаните.

Партизација на судството е директен напад врз демократијата и владеењето на правото. Особено што се случува паралелно со партизација на безбедносните агенции, независните регулаторни тела и други институции.

Со партиски окупирани институции и контролирано судство нема владеење на правото министре Филков.

Дополнително, премиерот Мицковски најавува и целосно распуштање на Судскиот совет, што би значело целосна контрола врз судството од страна на ВМРО-ДПМНЕ.

Во Извештајот на ЕК јасно е нотирано дека загрижува најавеното распуштање на Судскиот совет и Советот на ЈО и дека е неопходно реформи во согласност со препораките на Оценската мисија.

Е сега министре Филков во едно од вашите интервјуа најавивте дека до јуни годинава ќе ги донесете измените и дополнувањата на Законот за Судски совет во кој пак ќе бидат инкорпорирани препораките на Оценската мисија на ЕК.

Ова што вие го најавувате е во спротивност со најавите на премиерот Мицкоски.

Препораките од Оценската комисија не предвидуваат партизација на судството.

Моето прашање до Вас е, кој од Вас не ја говори вистината?

Односно која лаже?

Вие кога велите дека ќе ги спроведете препораките на Оценската мисија на ЕУ или премиерот Мицкоски кој вели дека ќе се распушта судскиот совет.“

 

Next Post

Детска клиника: Деветгодишното дете е донесено во многу тешка состојба

Shortcut

Најново

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради посетата на Албин Курти

August 25, 2026

Филипче обвинува дека власта ја третира државата како плен, Мицкоски возвраќа дека тој е „кукла“ на криминалци

August 25, 2026

Филипче до Левица: Откажете се од „мајка Русија и татко Мицкоски“ и може да се обединиме

August 24, 2026

Јубилејна проекција на филмот „Џган“ на Вардан Тозија во летното кино на Синеплекс

August 24, 2026

Славјанка Петровска на Молитвен појадок во Кијив, врачен орденот „Принцеза Олга“

August 24, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ поставува остри прашања, ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Политичката врева покажува неспремност за конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски отвори врата за предвремени избори, ДУИ експресно прифати: Нека се распушти Собранието!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ обвинува за малтретирање на дијаспората, ВЛЕН возвраќа дека ги чека политичка пензија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ширење на западнонилската треска во Скопје: Епидемиолошка криза, мерки и политички реакции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk