ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Бебињата биле со премрзнатост, велат од прилепската болница

January 17, 2025 15:24
in ДЕНЕС, ЗДРАВСТВО, ХРОНИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Причината за смртта на новороденчињата-близначиња од прилепското село Славеј ќе се констатира со обдукцијата која ја нареди јавен обвинител, по вчерашната трагедија кога по тешка здравствена состојба починаа две бебиња, едното, машкото во семејниот дом во Славеј, а другото, женско бебе, во прилепската болница.

Од Болницата известија дека кај бебињата имало премрзнатост. Биле родени во Болницата на 30 декември, недоносени во 34 гестациска недела, со мала тежина под два килограми. Мајката, на своја одговорност на 10 јануари решила да си ги земе бебињата во својот дом во Славеј.

-На 16 јануари, во 10:45 часот, на одделот за детски болести е донесено женското новороденче во тешка здравствена состојба како резултат на премрзнување. Според достапните информации, машкото новороденче е претходно починато дома од истата причина. По приемот на женското новороденче, веднаш е преземена интензивна медицинска интервенција. Извршена е реанимација, новороденчето е интубирано, поставено во топли ќебина и применети се дополнителни мерки за затоплување. И покрај сите преземени обиди од страна на медицинскиот персонал, состојбата продолжи да се влошува. Во 13:00 часот, за жал, е констатирана смртта на женското новороденче. Изразуваме длабоко жалење за загубата и остануваме посветени на обезбедување најдобра можна грижа за сите пациенти, известуваат од Општата болница со проширена надлежност во Прилеп.

Екипа од прилепскиот Центар за социјални работи од Прилеп вчера, а и денеска, направила увид во домот на семејството во Славеј кое има уштри три малолетни деца, од 4,5 од 3 и од 1,5 годишна возраст.

Педагогот Гордана Велјаноска вели дека условите за живот се скромни, хигиената не е на завидно ниво, но семејството не е во социјален ризик. Ќе има советодавни средби со родителите.

-Не станува збор за екстремно лоши, нехумани услови како што во текот на вчерашниот ден се презентираше во јавноста. Стамбените услови се релативно добри, има простории за живеење, единствено недостасува хигиената во домот која не е на завидно ниво. За време на нашата посета домот беше топол, имаше храна за децата, беа соодветно облечени, ги чуваше нивниот дедо. И денеска беше направен увид во домот. Беа подобрени хигиенските услови. Родителите се подготвени за соработка. Ќе имаме советодавни средби. Ова семејство е корисник на правото на додаток за трето дете и надомест за детски додаток. Таткото работи аргатски работи. Во наредниот период Центарот ќе преземе стручна советодавна работа со родителите во насока на подигнување на родителските капацитети. По донесување решенија за вршење надзор на родителското право, ќе бидат наведени конкретни задолженија кои треба да ги исполнат родителите и ние ќе го следиме тоа, изјави Велјаноска.

Од Центарот за социјални работи велат дека мерките ќе зависат од резултатите од обдукцијата за причината за смртта на бебињата.

При посетата во селото Славеј соседите изразуваат жалење за загубата и трагедијата, потврдувајќи дека семејството живеее сиромашно, а им помагале колку што можеле. Дедото на децата, Пецо Ристески денеска се грижеше за трите внучиња од синот и снаата.

-Ете, се случи. Имаа нешто, бронхит. Јас ги чувам децата. Олвде е топло, згрижени се и лажат сите кои велат дека немаат услови за живот, рече Ристески.

За причините за смртта на бебињата ќе се чекаат резултатите од обдукцијата која ја нареди јавен обвинител од прилепското основно јавно обвинителство.

Поврзано:

Трагедија во Прилепско, починаа новороденчиња-близначиња

Next Post

Непознати лица украле дел од тревник поставен на плоштад во атинска населба

НАЈНОВО

Герасимовски: Во недела заеднички да ја потврдиме победата

October 31, 2025

Мицкоски до гласачите на СДСМ: Заокружете го бројот 9 за да почне катарза во вашата партија

October 31, 2025
Кој е Арне Слот менаџерот што ќе го наследи Клоп во Ливерпул?

Од шампион до „просек“: Што се случува со Ливерпул?

October 31, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонецот е леб со историски адитиви на кои им поминал рокот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 31 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Орце за откажувањето на дебатата со Амар: Вечерва одбрав да бидам со мојот народ, на завршниот митинг во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како дојде до укинување на санкциите кон Додик: Кој сѐ и зошто лобираше за него во САД

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Делови од Кисела Вода, Ѓорче Петров и Карпош денеска без струја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk