ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Прекинот на огнот меѓу Израел и Хамас стапува во сила во недела во 8:30 часот по локално време

January 18, 2025 12:18
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Прекинот на огнот во Појасот Газа договорен од Израел и палестинското исламистичко движење Хамас треба да стапи во сила во недела наутро во 08:30 часот по локално време, соопштија властите на Катар, кој беше посредник во постигнувањето на договорот за примирје.

Од каратското Министерство за надворешни работи, исто така, упатија апел до жителите на Појасот Газа „да преземат мерки на претпазливост и да чекаат насоки од официјални извори“.

Коалициската влада на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху синоќа по полноќ го одобри договорот за прекин на огнот со Хамас и ослободување на заложниците држени во Појасот Газа во замена за палестинските затвореници, откако претходно беше одобрен и од безбедносниот кабинет.

– Владата го одобри планот за ослободување на заложниците. Планот ќе стапи во сила во недела, 19 јануари 2025 година, се вели во соопштението од кабинетот на премиерот Нетанјаху.

Советот на министри го одобри планот и покрај противењето на екстремно десничарските министри.

Хамас веќе објави дека ги прифатил условите од договорот и се обврзува да ги почитува.

Според договореното, прекинот на огнот треба да започне утре.

Договорот во три фази предидува првичична шестнеделна пауза на борбите што го опустошија Појасот Газа во изминатите 15 месеци и, според здравствените власти на Хамас, загинаа повеќе од 46.000 луѓе на палестинска територија.

Во текот на оваа прва фаза, Хамас треба да ослободи 33 заложници кои ги држат милитантите во Газа, а Израел треба да ги ослободи палестинските затвореници кои се држат во неговите затвори.

Во недела се очекува да бидат ослободени првите заложници.

Договорот беше постигнат по неколкумесечни индиректни преговори со посредство на Катар и САД.

Војната во Газа започна на 7 октомври 2023 година, кога припадници на Хамас упаднаа во Израел и убија околу 1.200 луѓе.

Tags: Газаизраелпрекин на огнотХамас
Next Post
Фото: кабинет на Сиљановска Давкова

Претседателката Сиљановска-Давкова: Членството во ЕУ беше и останува врвен македонски државен интерес и приоритет

НАЈНОВО

Фото: ЦИВИЛ

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО ТЕТОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

October 30, 2025
Фото: Министерство за транспорт, комуникации и јавни работи на Кипар и Канцеларија на комесарката за родова еднаквост

Први семафори со женски фигури на Кипар: Мала промена со големи пораки за родова еднаквост

October 30, 2025
Скриншот

Селена Гомез домаќин на настан за подигнување на свеста за менталното здравје на младите

October 30, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Разговор на двајца аналфабети од градски политики

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Марко Виденовиќ за настапот во „Музикферајн“: Кулминација на совршенство, волшебна ноќ со која испишавме нова страница во историјата на македонската култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Kои се вистинските разлики меѓу Грокипедија и Википедија – и зошто тие се повеќе од технолошки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кипар воведува семафори со женски фигури за пешаците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Глобален пад на Microsoft услугите: Погодени Azure, Microsoft 365, Xbox и авионски компании

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk