ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Божиновска: ЕСМ ќе остане под Владата, а МЕПСО ќе биде под Министерството за енергетика

January 19, 2025 18:43
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
ЕСМ. Фото: Фронтлајн

ЕСМ. Фото: Фронтлајн

Share on FacebookShare on Twitter

ЕСМ ќе остане под Владата, а  МЕПСО ќе биде под Министерството за енергетика, вели министерката за министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска.

Во интервју за РСЕ таа информира дека се работи на новиот Закон за енергетика и појаснува дека, согласно европските регулативи, производството на струја и дистрибуцијата не може да бидат под исто министерство.

– Наследивме големи проблеми во сите енергетски сектори и моментално работиме на изработка на Законот за енергетика и секако тука сме во зимскиот период. Значи најмногу фокусот е на обезбедување на електрична енергија за граѓаните. Правиме стратегии, краткорочни и долгорочни. Краткорочните се фокусирани на рударскиот комбинат РЕК Битола и снабдување на јаглен и ангажирање на сите енергетски капацитети. Додека долгорочните е правање на нови капацитети. Крајот на минатата година потпишавме скоро 100 мегавати за изградба на зелена енергија и се надеваме дека ќе продолжи ова и понатаму, рече Божиновска.

Осврнувајќи се на тендерите за РЕК, оцени дека има поголем криминал од оној што е опфатен со акцијата „Адитив“.

– Со доаѓање на функцијата министер, минатата година разговарав со државниот ревизор. Побарав оваа година да бидат вклучени сите енергетски објекти во ревизија. Зборувавме што се случувало во МЕПСО, РЕК Битола и имам сознание дека, на пример, околу 400 милиони евра се потрошени за набавка на електрична енергија. За „адитивот“ исто знаев и го поздравувам, иако е 6,5 милиони евра. Меѓутоа, добро е што се почна од некаде. Се надавам дека ова нема да биде само еден случај, од медиумите разбрав за овие останати шест. Ја поздравувам нивната работа и се надевам дека ќе има судска разрешница за сите овие неправилности, изјави Божиновска.

По посетата на РЕК Битола министерката констатирала дека ситуацијата во комбинатот е катастрофална и затекнала недомаќинско работење.

-Не е водено грижа ниту за блоковите, не е направен никаков ремонт, неквалитетниот јаглен има доведено до многу оштетувања. Меѓутоа, сега сме во зимскиот период и ние направивме, значи со раководството на РЕК, со натчовечки напори беше изготвен во соработка со Рударскиот институт од Штип – рударски проект, значи за до крајот на зимата. А за оваа година ке се работи на зајакнување и нормализирање на блоковите и ке има сериозен ремонт од 1 април па натаму, истакнува Божиновска.

Министерката во интервјуто зборува и за изградбата на фотоволтаичните централи.

– Тука ќе воведеме ред и секако со МЕПСО работиме на ова. Се работи на изработка на мастер грид на нашата мрежа, точно е дека ќе има над 1.000 мегавати до крајот на годината обновливи извори. Ние сме секако во согласност со нашите европски партнери за зелена транзиција. И мора да овозможиме нашата мрежа да може да ги прими додатно овие капацитети. За сето ова е потребно време, меѓутоа и финансиски средства. Работиме со финансиските институции да се прошири нашата мрежа. Минатата година потпишовме со ЕБРД еден проект от 36,5 милиони евра, меѓутоа и понатаму ке работиме за да можеме да ги примеме сите овие мегавати и ке направиме ревизија на овие издадени 9.500 мегавати, кои се реални и што понатаку, истакнува министерката Божиновска.

Tags: БожиновскаЕСММЕПСО
Next Post

Првите три заложнички што ги ослободи Хамас префрлени во Израел

Shortcut

Најново

Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk