ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Концертот „Филхармонија на кирилица“ ќе се одржи без солист

January 20, 2025 12:31
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

На концертот „Филхармонија на кирилица“ кој ќе се одржи в четврток, во 20 часот нема да настапи македонската пијанистка Нина Костова, која го откажа својот настап поради здравствени причини. Сите кои имаат купено билети за првичната програмата на овој концерт, а не сакаат да присуствуваат на променетиот концепт, може да ги вратат на билетарницата на Филхармонија. Поради краткото време за наоѓање на друг солист, на овој концерт ќе биде изведена само симфониска музика и ќе оди во еден дел без пауза, известуваат од Филхармонија .

На програмата останува Симфонијата бр.2 во це-мол, оп. 29, оркестарско дело кое оддамна не прозвучело на нашата музичка сцена. Рускиот композитор Александар Скрјабин (1872-1915) бил музички гениј, филозоф, мистик и езотерик. Верувал во духовно божество кое го водело додека ја создавал својата музика со која сакал да го трансформира светот.  Создал инидивидуална филoзофска концепција чија симболика во себе ја носат сите негови дела создадени по романтичарската фаза, особено неговите симфонии.  Симфонијата бр. 2 во це-мол, Оп. 29, Скрјабин ја пишувал во периодот помеѓу 1901 и 1902 година. Во неа романтизмот е движечка сила, но воедно може да се почувстуваат и навестувања на мистични и трансцендентални мотиви, кои ќе станат доминантни во неговиот подоцнежен музички опус.

На програмата е и увертирата од операта „Хованшчина“од рускиот композитор Модест Мусоргски, напишана во периодот меѓу 1872 и 1880 година која носи поднаслов „Национална музичка драма“. Операта е позната по длабокиот емоционален сензибилитет типичен за опусот на Мусоргски, иновативната употреба на фолклорните елементи и претставува живописен портрет на руското општество.

Со настапите дома и во странство, а особено со последните гостувања со Краковската, Северночешката, Софиската и Македонската филхармонија, Борјан Цанев останува еден од најбараните диригенти во Македонија и во поширокиот регион. Маестро Цанев ја балансира својата кариера помеѓу сценските настапи и наставата како професор на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Неговиот 20 годишен ангажман како главен диригент на Македонската филхармонија, одигра исклучително важна улога во квалитативниот раст на ансамблот. Во улогата на наставник и ментор, тој поведе многу генерации на музичари кон нивните професионални патишта дома и во светот.

Tags: Филхармонија на кирилица
Next Post

Судење за убиството на Вања и Панче: Обвинителството презентира видео записи од безбедносни камери

НАЈНОВО

Дуња Иванова номинирана од МOK за најдобра спортистка за 2025 година

December 7, 2025

Приказната за Силјан на Котевска триумфираше на IDA Documentary Awards во Лос Анџелес

December 7, 2025

Се отстрануваат билбордите и сите реклами од Железничката станица во Скопје

December 7, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот

    (ВИДЕО) Сидни Свини конечно проговори за контроверзната реклама за фармерките

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Кејти Пери и Џастин Трудо објавија заеднички фотографии и снимки од Јапонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ментално ограничување на брзината со која стоиме во место!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Салах: Немам никаков однос со Слот, се чини некој не ме сака повеќе во Ливерпул

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Принцезата од Велс и принцот Вилијам по шест месеци снимени заедно со децата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk