ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Трамп вети „сосема нов ден“ и строги имиграциски ограничувања на „победничкиот митинг“ пред инаугурацијата

January 20, 2025 09:59
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

 Доналд Трамп им рече на илјадници поддржувачи на митингот во Вашингтон, еден ден пред неговата инаугурација, дека ќе воведе строги ограничувања за имиграцијата на првиот ден од неговиот нов мандат и вети дека брзо ќе го исполни клучното предизборно ветување.

„Кога сонцето повторно ќе зајде утревечер, инвазијата врз нашата земја ќе престане“, рече Трамп за време на собирот „Да ја направиме Америка повторно голема“ во спортската сала „Капитал Уан“.
„Почнувајќи од утре, ќе дејствувам со историска брзина за зајакнување на силата на нашата земја и решавање на секоја криза со која се соочува“.

Идниот претседател повтори дека ќе ја изврши „најголемата депортација во американската историја“, што ќе резултира со протерување на „милиони имигранти“ од САД.

Говорот на Трамп на митингот беше сличен на говорите што ги одржа за време на неговата кампања во Белата куќа во 2016 година. Поранешниот и идниот претседател испорача мешавина од фалење, лажни тврдења и големи ветувања на задоволство на собраните, јавија американските медиуми.

„Ова е најголемото движење во американската историја, откако пред 75 дена ја постигнавме најепската политичка победа што нашата земја некогаш ја видела“, рече тој.

Неговиот говор  е првото големо обраќање на Трамп во Вашингтон, по говорот што го одржа на 6 јануари 2021 година, непосредно пред неговите поддржувачи да упаднат во Капитол.

Идниот претседател вети дека ќе помилува многу од над 1.500 лица осудени или обвинети во врска со нападот.

Митингот на Трамп, како и неговиот говор на инаугурацијата подоцна денес, би можеле да навестат каков тон планира да го прифати за време на неговиот втор мандат во Белата куќа.

Граничната безбедност ќе биде значајна во првите извршни наредби на Трамп, кои најверојатно ќе ги класифицираат нарко-картелите како „странски терористички организации“, ќе прогласат вонредна состојба на границата меѓу САД и Мексико и ќе имаат за цел да ја вратат политиката „остани во Мексико“ што ги принудува барателите на азил кои не се со мексиканско потекло да чекаат во Мексико, истакна неговиот советник за домашна безбедност, Стивен Милер.

Трамп вети дека ќе ги „отстрани радикалните идеологии од нашата војска“ и рече дека ќе и нареди на војската да изгради ракетен штит над САД иако допрва треба да понуди детали како да го постигне тоа.

Тој, исто така, посочи дека ќе ја поништи „прекумерната декласификација“ на владините документи, што се чини дека е упатување на неговото федерално обвинение за задржување доверливи документи по напуштањето на функцијата.

Трамп вети дека ќе објави доверливи документи поврзани со атентатите на претседателот Џон Ф. Кенеди, неговиот брат Роберт Кенеди и лидерот за граѓански права Мартин Лутер Кинг Џуниор.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

Во израелските напади врз Појасот Газа убиени 20 луѓе

July 5, 2025
Фото: ВИ

Трамп „многу незадоволен“ од разговорот со Путин за Украина

July 5, 2025
Фото: ЕПА/МИА

Во Еквадор запленети три тони кокаин, кои и припаѓале на албанската мафија

July 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонецот е куељовски јунак кој седи на ритчето и во долината го посматра сопственото умирање!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шибај со демохристијанство и лажен морализам, удри по сиромашните и самците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски и рускиот ДУМА пратеник, тоа се тие афирматори на „данок на бездетност“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп не знаел дека навредливиот термин што го употребил во говорот се смета за антисемитски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бајач од скопско Трубарево, измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk