РИБАРО
Премиерот на нашата земја со емотивно известување од Вашингтон, САД.
– Денеска во Вашингтон остваривме голема победа за нашата земја – Мислам дека ми намигна Меланија, видно возбудено изјави Мицкоски за АХА.
„Нели бевме во таа салата со десетици илјади други МАГА поддржувачи на Трамп. Е, таму, иако беше многу далеку со сигурност да тврдам, се ми се чини дека Меланија Трамп дискретно ми намигна. Добро, не можев да видам ни од нејзиниот стилизиран шешир, дали навистина ми намигна, ама самата помисла дека е можно да ми намигна е убава, нели. Ова е врв на нашата посета на САД. На ниту еден друг лидер од регионот му нема намигнато сопруга на претседател на САД. Добро, на Хорке му намигна Барак Обама, ама Мишел не му намигна, така да… Многу сум среќен и сакам оваа радост да ја пренесам на сите““, рече Мицкоски.
На прашањето од АХА, зошто направија еуфорија дека тој е единствен поканет лидер од регионот да присуствува на инаугурацијата, а тој не ни беше присутен во Капитол, Мицкоски одговори:
„Ја следевме инаугурацијата преку екраните, беше многу возбудливо, иако не бев присуен во Капитол. Со духот бев таму, одма до Маск и Безос, Трамп тоа сигурно го знае, како што нели го знете и вие, ама сте злобни. Не знам зошто се обидувате да ми го расипете филингот…“ изјави Мицкоски.
– Многу сум возбуден, ќе ми простите, заврши премиерот на нашата земја.
Рубриката АХА! е простор за хумор и сатира. Секоја сличност со реалноста е намерна и не е претерана.
FRONTLINE.MK