Амбасадата на Украина, заедно со украинската заедница во земјава, денеска го одбележа Денот на Соборноста на Украина.
Учесниците на настанот положија цвеќе пред споменикот на Тарас Шевченко во самиот центар на Скопје, оддавајќи му почит на големиот Кобзар. Потоа, тие формираа „Ланец на Единство“, кој го симболизира обединувањето на Украинците во борбата за слобода и независност.
За време на настанот, со говор се обрати амбасадорката на Украина, Лариса Дир, која ја истакна важноста на единството и солидарноста на Украинците низ целиот свет, особено во време на руската агресија против Украина.
„Слава на Украина! Слава на хероите!“ – се слушна повеќе пати за време на настанот.
Амбасадорката на Украина, Лариса Дир, ја сподели веста на социјалната мрежа Х, каде што забележа дека овој голем ден се одбележува за време на 1,064-от ден од почетокот на целосната руска воена агресија против нејзината земја.
Ден 1064. Денес, 22 јануари, кога Украинците го одбележуваат Денот на Соборноста – посебен чин на обединување на сите украински територии – важен настан за украинското државотворење.#StandWithUkraine#UAUnityChain#ЛанцюгЄдності pic.twitter.com/7PQ5ttNQsf
— Larysa Dir (@dir_larysa) January 22, 2025
Како што веќе објавивме, на 22 јануари Украина се сеќава на два подеднакво значајни настани од украинската историја: прогласувањето на независноста на Украинската Народна Република и Актот за обединување на украинските територии.
Денот на Соборноста на Украина: Врвен национален приоритет и цел на Победата