ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Европското граѓанско општество со писмо до институциите на ЕУ алармира за угнетувањето на режимот на Вучиќ врз ЕУ, регионалните и Српски граѓански активисти

January 23, 2025 15:19
in ДЕНЕС, РЕГИОН, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

Со голема загриженост известени сме  за притворот преку ноќ и неправедната депортација на државјани од  Хрватска (4 лица), Словенија (1 лице), Романија (2 лица), Албанија (2 лица) и Северна Македонија (1 лице), кои престојуваа  во Белград во студиска посета на НВО Академија на Ерсте Штифтунг програмата, која ги едуцира младите професионалци кои работат во НВО, се наведува во писмото на граѓанските организации  до Европските институции – Европски економски и социјален комитет, Европскиот парламент и Европската комисија.

„Овие граѓански активисти и стручни лица од  невладини организации  биле задржани преку ноќ и протерани од државата со бледо  образложение дека ја загрозиле  безбедноста и на Србија, без никаков доказ за истрага за овие обвинувања.

Сите протерани лица добијле едногодишна забрана за влез во Србија. Тие биле демнети пред хотелот и со неозначен полициски автомобил биле приведени  во полициска станица, изложени на непријателски распит во текот на ноќта и принудени  да потпишат едвај читлив документ на кирилица, прогласувајќи ги за „закана за националната безбедност“.

Во текот на изминатиот месец, имаше две слични протерувања на  хрватски државјани, а претходно оваа година беа донесени слични забрани против Босански активисти и писатели кои објавија изјави за поддршка на протестите во Србија.

Од летото 2024 година, интензивирана е репресијата врз српските граѓански организации од грасрут активисти, средношколци и студенти кои протестираат мирно како и независни новинари  преку употреба на надзор, сето тоа  документирано од Амнести интернешенел, и притвори и неказнето насилство од парадржавни групи.

Овој пат цел на режимот се меѓународна група на граѓански активисти спонзорирани од реномирана фондација со седиште во Австрија која промовира регионална соработка и учење.

Овој инцидент ја одразува вознемирувачката шема на зголемено непријателство на српската влада против домашните и странски државјани. Очигледно, овие угнетувачки акции се преземаат во контекст на масовни студентски протести низ Србија против корупцијата, лошото управување со јавните служби и злоупотреба на моќ, што режимот го смета за вистинска закана.

Овој најнов инцидент покренува сериозна загриженост за почитувањето на човековите права и слободи во Србија, особено за безбедноста на луѓето и организациите вклучени во активизмот за човекови права на локално ниво и ширум регионот.

Дополнително, и подеднакво загрижувачки се дејствијата преземени од властите, кои  се чини дека се дел од една поширока стратегија за поттикнување непријателство кон соседните земји и кон ЕУ во целина.

Режимот на Вучиќ е очигледно бара „надворешен непријател“ за да го сврти вниманието и да ја избегне одговорноста за проблемите со јавната безбедност и пристапот до јавните услуги кои создадоа широко распространети и зголемени  домашни критики предводени од студентите ширум Србија.

Силно ги повикуваме српските власти да дадат транспарентно објаснување за овие неразумни и нелегитимни дејствија против граѓански активисти од земјите членки и кандидати за ЕУ, и да се дадат гаранции дека ваквото неправедно постапување нема да се повтори. Од клучно значење е правата на сите поединци, особено оние кои работат на позитивни општествени промени, да  се поддржани и заштитени.

Ги повикуваме институциите на ЕУ и земјите-членки на ЕУ, сериозно да ги земат во предвид  овие прекршувања на човековите права преземени од страна на српската влада , и да употребат  политички и институционални средства  во барање одговорност од  српската влада за нејзините постапки против нејзините и граѓаните на соседните земји, кои се соочуваат со прекршување на граѓанските права, за што нашироко сведочат меѓународните организации за човекови права

Како земја кандидат, од  Владата на Република Србија  се очекува да ги спроведе во пракса европските вредности содржани во Повелбата за основните права на ЕУ.

Наместо непријателство, параноја и меѓународни тензии, влада која тврди дека има демократски легитимитет, треба да поттикнува граѓански дијалог, соработка и меѓусебно почитување – и во Србија и низ регионот на Западен Балкан.

Се солидаризираме со сите жртви на режимот на Вучиќ – и домашни и странски – и повикуваме, на акција ширум Европа за заштита на граѓанскиот простор, мирот и безбедноста во Србија.  Да ги здружиме нашите гласови за слободна и безбедна Србија!“, се наведува во писмото до европските институции.

Д. Тахири / Д. Мишев / Цивил Медиа


ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Вучиќ пред утрешниот протест ги одби барањата на студентите: Не прифаќаме ултиматум

June 27, 2025

Рекордни температури и пожари на Балканот, се очекува разладување

June 27, 2025

Синот на норвешката принцеза обвинет за силување и сексуален напад

June 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Над 216 илјади македонски граѓани обезбедиле бугарски пасош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Таравари: Ваљбон Лимани не е кандидат, тој е новиот градоначалник на Гостивар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Фрчкоски: Скандалозна некомпетентност на власта, назадуваме по сите линии

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Муцунски не разбирал што е тоа „модерен“ македонски јазик – предлогот што пратеници од сестринските партии на ВМРО-ДПМНЕ го поднесоа во ЕП

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хоџиќ: Сиљановска-Давкова не е свесна за тежината на гафовите кои ги има направено вчера

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk