Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека ја повлекол федералната заштита за поранешниот врвен американски здравствен функционер Ентони Фаучи.
Заштитата финансирана од даночните обврзници за доктор Ентони Фаучи е повлечена, потврди Трамп на прес-конференција, објави „Њујорк пост“.
– Мислам дека кога работите за владата, во одреден момент вашата заштита завршува и знаете, не можете да ја имате засекогаш, рече Трамп како одговор на новинарско прашање на брифингот за одговорот на владата на ураганот во Ешвил, Северна Каролина, во октомври 2024 година, кога загинаа повеќе од 50 луѓе.
Според него, заштитата е укината и за некои други лица.
Како што објави „Њујорк пост“, тој очигледно мислел на поранешниот советник за национална безбедност Џон Болтон и поранешниот државен секретар Мајк Помпео.
– Тие можат да ангажираат сопствено обезбедување. Може да им дадат добар број многу добри луѓе за обезбедување. Фаучи заработи многу пари. Сите заработија, рече Трамп.