Јаник Синер го победи Александар Зверев и ја одбрани титулата на Австралија Опен. Тој го освои третиот Грен слем трофеј во исто толку финалиња во кариерата.
Финалето во Мелбурн траеше два часа и 45 минути, а за тоа време Зверев не успеа да дојде ни до брејк поен – 6:3, 7:6 (7:4), 6:3.
Александар Зверев e еден од двајцата тенисери во историјата кои не успеаја да ја освојат титулата во три финалиња.
Вториот е Тони Роуч.