ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

ЕУ ги оцени изборите во Белорусија за нелегитимни, ќе продолжи со рестриктивните мерки

January 27, 2025 09:56
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Претставничката на ЕУ за надворешна политика и безбедност Каја Калас и еврокомесарката за проширување Марта Кос синоќа соопштија дека Европската унија ги смета вчерашните претседателски избори во Белорусија за нелегитимни и најавија дека Унијата ќе продолжи да воведува рестриктивни и целни мерки против режимот, вклучително и финансиска поддршка на граѓанското општество.

Во заедничката изјава Калас и Кос истакнаа дека „лажните избори во Белорусија“ не биле ниту слободни ниту фер и оти народот на Белорусија заслужува вистински збор за тоа кој ќе управува со нивната земја.

– Немилосрдната и невидена репресија на човековите права, ограничувањата на политичкото учество и пристапот до независни медиуми во Белорусија го лишија изборниот процес од секаков легитимитет. Го повикуваме режимот веднаш и безусловно да ги ослободи сите политички затвореници, од кои над 1.000 се самоволно приведени, вклучително и еден вработен во Делегацијата на ЕУ. Одлуката на режимот да ја покани Организацијата за безбедност и соработка во Европа/Канцеларијата за демократски институции и човекови права на само 10 дена пред изборите, на ова независно тело му оневозможи пристап до клучните фази на изборниот процес. Тоа е уште еден доказ за целосното отсуство на кредибилитет на овие избори, се вели во нивната изјава објавена од Прес-службата на ЕУ.

Како што се наведува, поради овие причини, како и поради, како што се тврди во соопштението, вмешаноста на белорускиот режим во руската агресивна војна против Украина и нејзините хибридни напади врз соседите, ЕУ ќе продолжи да воведува рестриктивни и целни мерки против режимот, со финансиска поддршка на цивилното општество. Се додава дека штом Белорусија ќе почне демократска транзиција, ЕУ ќе биде подготвена да ја поддржи земјата во стабилизирање на нејзината економија и реформирање на нејзините институции.

– ЕУ е на страната на белорускиот народ и нашата поддршка во нивната потрага по слободна, демократска, суверена и независна Белорусија, како дел од мирна и просперитетна Европа, е непоколеблива, се вели во соопштението од Калас и Кос.

На претседателските избори во Белорусија 86,82 отсто од гласачите гласаа за актуелниот претседател Александар Лукашенко, изјави Игор Карпенко, претставник на Информативниот центар на белоруската Централна изборна комисија. Тој потврди дека противкандидатот на Лукашенко Олег Гајдукевич освоил 2,02 отсто од гласовите, кандидатката Ана Канопатскаја 1,86 отсто од гласовите, Сергеј Сиранков 3,21 отсто и Александар Хизнијак 1,74 отсто од гласовите, јави денеска агенцијата БЕЛТА.

Tags: белорусијаЕУЛукашенко
Next Post

Во последните 24 часа на фронот загинаа над 1.400 руски војници, тврди ГШ на украинските вооружени сили

Shortcut

Најново

Класична вечер на плоштадот „Скендербег“: Младинскиот оркестар на Западен Балкан го заокружи културното лето во Чаир

August 20, 2026
Меѓународен стрип-салон и конкурс „Велес 2026“

Рекорден број учесници на 23. Меѓународен стрип-конкурс „Велес 2026“: Прогласени најдобрите автори

August 20, 2026

СДСМ поставува остри прашања, ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Политичката врева покажува неспремност за конкретни решенија

August 19, 2026
Фото извор: UNHCR

ЦИВИЛ: Нападите врз хуманитарците не смеат да станат норма, човечноста мора да надвладее

August 19, 2026

Кои се придобивките од работата од дома?

August 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ поставува остри прашања, ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Политичката врева покажува неспремност за конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Експлозијата во Бардовци: Опозицијата и власта со меѓусебни обвинувања за корупција и лажни вести

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk