На денешната прес-конференција претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, ги презентираше извештаите кои биле доставени до анкетната комисија за Клиниката за онкологија, формирана по барање на ВМРО ДПМНЕ и злоупотребена исклучиво за политичка хајка против него, соопштуваат од СДСМ.
Филипче потенцираше дека овие извештаи биле редовно изработувани и биле дел од документите од министерството со што целосно ги разобличи лагите на Мизрахи и ДПМНЕ кои тврдеа дека не постојат.
„Благодарение на искрените и чесни луѓе вработени во Министерството за здравство, кои што знаат што се сум направил за пациентите и за сите вработени генерално во здравствениот сектор, до мене ги пратија извештаите за коишто бев клеветен дека ги немало. Јас бев убеден дека такви извештаи има и сега сакав тоа да го покажам. Откако беа доставени до мене извештаите, јас ги доставив до Обвинителството“, рече Филипче.
При тоа Филипче ги повика Рашела Мизрахи и тогашниот министер за здравство Фатмир Меџити да одговорат како и зошто овие извештаи биле криени.
„Дали е точно дека на барање на истражните органи, кои водат постапка за овој случај, овие извештаи не им биле доставени. Ги прашувм директно дали намерно се криеле извештаите за да ме вовлечат и обвинат во скандалот? Има ли нешто позлобно од тоа да се прикрива вистината во еден грозоморен случај за политички поени и згора на се да се кријат докази од истражните органи. Ова е скандал без преседан“, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче и порача дека очекува да биде покрената истрага за тоа како и зошто досега овие извештаи биле криени.
Прочитајте и…
Мизрахи: Профитот на СДСM во случајот Онкологија им бил поважен отколку животите на граѓаните