Полицијата во Нови Сад приведе четворица осомничени дека синоќа нападнале студенти во центарот на Нови Сад.
Припадници на МВР во Нови Сад ги уапсија Д.Р.(22), Н.Б.(22) и Н.Д.(22) од овој град и С.К.(30) од Сремски Карловци, поради постоење основи на сомнение дека го сториле кривичното дело прекршок насилничко однесување и тешка телесна повреда, објави Блиц.
Се сомничи дека четворица од нив синоќа во Нови Сад физички нападнале двајца млади момчиња и три млади жени и дека, во таа прилика, една млада жена била тешко повредена, а еден млад маж полесно.
На сите четворица им е одредена мерка притвор до 48 часа и ќе бидат изведени пред Основното јавно обвинителство во Нови Сад со поднесена кривична пријава.
При нападот се повредени двајца студенти, од кои студентот од Филозофскиот факултет е пуштен на домашно лекување. Студентот А.В.(23) бил примен во Ургентниот центар со тешки телесни повреди и се уште е под надзор во здравствената установа.