ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Скопске подружнице СПЦ, СНС-а и СПС-а у Позоришту „Краља Петра“ у Скопљу

January 28, 2025 11:01
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ИВОН ВЕЛИЧКОВСКИ

Очекувано беше Владата на ВМРО-ДПМНЕ со вчерашното одбележување на Св.Сава во Скопје да биде де факто домаќин на Вучиќевиот „српскиот свет“.

Не е изненадување ниту обидот Владата и ВМРО-ДПМНЕ така да го легитимираат и да се вклопат во пристапот на архиепископот г.г.Стефан и дел од Синодот – со кој Охридската архиепископија треба да се задоволи со т.н. „томос за автокефалност“ од СПЦ и да остане дистантна од Вселенската патријаршија.

Повторно очекувано, Мицкоски построен од Стоиљковиќ и официјално стана дел од политиката на Вучиќ, токму кога Вучиќ започна да прифаќа барањата на протестите против неговата власт, вклучително реконструкција на владата на Вучевиќ и објавување инкриминирачки документи за падот на настрешницата во Нови Сад за кои тврдеа дека не постојат.

Останувањето во салата на политичарите – Македонци при пораките на Порфириј за единство меѓу македонскиот и српскиот народ и говорот на Додик со кој де факто се негира геноцидот во Сребреница, за жал, зборува за длабока зависност на политичко Скопје од Белград.

Одмолчувањето на негирањето на геноцидот значи директно спротивставување на државната политика на Северна Македонија означена со гласањето за Резолуцијата за геноцидот во Сребреница во Генералното собрание на ОН. Одмолчувањето на проруските ставови на Додик кои ја оправдуваат агресијата врз Украина секако значи и согласување на присутните со овие позиции спротивни на демократскиот свет од Атлантикот до Уралот.

Останувајќи во салата при ваквите говори, Мицкоски во име на партијата и Владата, но и Филипче во име на своето раководство им порачаа на Македонците дека се согласуваат со политиката на „српскиот свет“ како балканска екстензија на проекцијата на рускиот.

Конечно, присуствувајќи на одбележувањето на Св.Сава во организација од добитник на орденот „Вук“, премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, заедно со претседателот на СДСМ го легитимираат пристапот дека Балканските војни ја ослободиле „Стара Србија“ и ја припоиле кон матицата – и им покажаа среден прст не само на денешните Македонци, туку и на жртвите на Македонците, но и на Албанците при окупацијата на териториите на денешните држави Северна Македонија и Косово по Балканските и Првата Светска Војна.

Вчерашниот избор на раководствата на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ да бидат скопски подружници на СНС и СПС не е избор ниту на македонскиот народ ниту на нацијата на Северна Македонија. Изборот на останатите парламентарни партии да го премолчат ова е нивен избор – за вазалство или за национална позиција и етничка свест.


Текстот е личен став. Преземено од ФБ профилот на Авторот.

Прочитајте и…

(ФОТО) Мицкоски со Додик и српскиот партријах Порфириј на Светосавска академија на српската заедница во Македонија

 

Tags: Ивон величковски
Next Post
Aimeeperezsculptor, FAL, via Wikimedia Commons

Политичка временска машина: Режимот на Вучиќ се брани во СкопЉе

НАЈНОВО

Фотомонтажа Фронтлајн и ВИ

Kои се вистинските разлики меѓу Грокипедија и Википедија – и зошто тие се повеќе од технолошки

October 29, 2025
Фото: Фејсбук на Гордана Сиљановска Давкова

Сиљановска Давкова на Парискиот мировен форум: Очекувам дискусии што ќе придонесат кон решавање на најгорливите глобални предизвици

October 29, 2025
Скриншот

Обвинителите бараат затворски и парични казни за ширење лажни вести против Брижит Макрон

October 29, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кај и да е ќе дојде и тој ден – овој е ретард

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џенифер Лоренс: Се чувствував одбиена – не поради филмовите, туку поради тоа што сум јас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ѓорѓиевски: Досега немало разлика од 60.000 гласови меѓу противкандидати на локални избори во Градот Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бесплатен доплер на каротидни артерии на Неврологија во рамки на отворениот ден по повод Светскиот ден на мозочен удар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk