ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

„Молкот на разумот“ на Кумјана Новакова во лондонскиот музеј „Тејт Модерн“

January 29, 2025 12:45
in ДЕНЕС, КУЛТУРА

Во лондонскиот музеј „Тејт Модерн“ денеска ќе биде прикажан филмот „Молкот на разумот“ на Кумјана Новакова проследен со разговор со авторката. Ова е трет значаен светски Музеј каде се прикажува „Молкот на разумот“, по Музејот на модерна уметност во Њујорк – МоМА (февруари, 2024) и центарот „Помпиду“ во Париз (март, 2024) каде филмот ја имаше својата француска премиера во рамки на филмскиот фестивал „Синема ду реел“.

Денешната проекцијата на „Молкот на разумот“ во престижниот „Тејт Модерн“ во Лондон е британска премиера на филмот.

– „Молкот на разумот“ ги апстрахира претставите на насилство истовремено засилувајќи ги гласовите на оние кои не можеше да бидат замолчени. Се отвора како експериментална архива, претставувајќи смел приказ на незамисливото, стои во авторскиот текст на Музејот „Тејт Модерн“ со кој се најавува филмот.

По проекцијата на филмот во „Тејт Модерн“, утре следува и проекција на филмот во Кингс Колеџ во Лондон, како дел од активностите на „Тејт Модерн“ за развој на публиката на Музејот. По проекцијата на Кингс Колеџ ќе следува панел разговор со авторката на филмот и некои од најзначајните професорки и истражувачки на универзитетот, како Рејчел Кер, Дениса Костовицова и Сесил Бурне-Фарел.

„Молкот на разумот“ на Кумјана Новакова освои повеќе од 20 меѓународни награди, меѓу кои наградите за најдобра режија на ИДФА во Амстердам, наградата за најдобар меѓународен филм на Синема реел во Париз, Гран при на Пунте де виста во Шпанија, најдобар средно-метражен филм на ХотДокс во Канада, како и регионални награди во сите земји на поранешна Југославија: наградата за најхрабар филм на Авторскиот филмски фестивал во Белград, срцето на Сараево за човекови права, Најдобар филм за човекови права на ДокуФест, Призрен, посебно признание на жирито на МакеДокс во Скопје.

Филмот е прикажан на сите светски континенти, на повеќе од 50 меѓународни фестивали, музеи и културни и уметнички иницијативи.

„Молкот на разумот“ е поддржан со уметнички грант од страна на БИРН, а е во македонско-босанска копродукција. Гостувањето на Кумјана Новакова во Лондон е целосно подржано од „Тејт Модерн“ во Лондон.

Tags: Kумјана Новакова
Next Post
Фото: zinkevych on Freepik

Како до мазни и чисти завеси без пеглање?

НАЈНОВО

фото: Принтскрин ЈуТјуб Канал 13

Зеленски: Украина ќе започне со масовно производство на крстосувачките ракети „Фламинго“

August 21, 2025

ФЗО: Во изминатите четири години не се евидентирани претставки за непотребни медицински интервенции

August 21, 2025
Фото: МИА

Грција ќе го надгради граничниот премин Евзони

August 21, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ ги изневери граѓаните – падот на поддршката очигледен пред изборите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk