ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ниту еден од кандидатите за претседател на Грција не го доби потребното мнозинство при второто гласање во грчкиот Парламент

January 31, 2025 10:11
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Грчки парламент/ Фото: МИА

Грчки парламент/ Фото: МИА

Ниту еден од четворицата кандидати предложени за претседател на Грција, не го доби потребното двотретинско мнозинство односно најмалку 200 гласа од вкупно 300 пратеници, на денешното второ гласање во грчкиот Парламент, со што за пет дена ќе се одржи третото гласање, јави дописничката на МИА од Атина.

Гласањето е јавно со прозивање на секој од пратениците кои имаат две опции: или да одберат еден од кандидатите или да изјават дека се воздржани.

Четворицата кандидати добија идентичен број гласови како и при првото гласање, а единствено промена имаше во бројот на воздржани, од 49 при првото на 52 при денешното гласање, со оглед на тоа дека во саботата, имаше тројца отсутни пратеници.

Константинос Тасулас, кој до неодамна беше претседател на Парламентот, како предлог од владејачката Нова демократија и денеска доби 160 гласа.

За поранешната пратеничка и министерка од ПАСОК Лука Кацели предлог од СИРИЗА повторно гласаа 40 пратеници.

Поранешниот министер и професор Тасос Јаницис предложен од ПАСОК, доби 34 гласа исто како и при првото гласање.

За писателот Костас Кирјаку предлог на партијата Победа гласаа и денеска 14 пратеници.

Првпат по над 30 години предложени се четворица кандидати, а за време на првото гласање во саботата и на второто претпладнево, за да се избере претседател, согласно Уставот потребно беше двотретинско мнозинство, кое не беше постигнато.

Третото гласање ќе се одржи по пауза од пет дена, односно в четврток на 6 февруари кога ќе бидат потребни три петтини од вкупниот број гласови, односно поддршка од 180 од вкупно 300 пратеници, а доколку ниту ова гласање нема позитивен исход, ќе следи и четврто гласање, повторно по пет дена, кога ќе биде потребно мнозинство од вкупниот број пратеници, односно најмалку 151 глас.

Според резултатите од првите две гласања, се очекува Грција да добие нов претседател по четвртото гласање, кое ќе се одржи на 12 февруари и Константинос Тасулас да биде избран за шеф на државата со поддршка од околу 160 пратеници.

Петгодишниот мандат на актуелната претседателка Катерина Сакеларопулу завршува на 13 март годинава.

Tags: ГрцијакандидатиПретседател
Next Post
Основното јавно обвинителство. Фото: МИА

Осомничениот возач за смртта на Фросина со претходни кривични дела

НАЈНОВО

Мицкоски вели „јасен е победеникот на локалните избори, а тоа е владејачкото мнозинство“

August 20, 2025
Фото: Фронтлајн

Одложено судењето за предметот „Адитив“

August 20, 2025

Тамара Котевска со приказна за штрковите со светски премиери во Венеција и Торонто

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk