Канада ќе одговори веднаш и соодветно доколку САД навистина воведат царини на увозот од оваа земја, изјави денеска канадскиот премиер Џастин Трудо, нагласувајќи дека во таков случај канадските граѓани ќе се соочат со „тешки времиња“.
– Подготвени сме да одговориме – одлучно, силно, но разумно и итно. Тоа не е нешто што го посакуваме, но ако тие го сторат тоа, ние ќе реагираме, изјави Трудо, додавајќи дека „сите опции се на маса“.
Обраќајќи се пред Советодавниот одбор за канадско-американски односи, Трудо истакна дека Канаѓаните се „вознемирени и загрижени“, но увери дека Владата „ќе ги заштити“.