ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Повикот за бојкот ги остави речиси празни поголемите маркети, граѓаните незадоволни, нема зголемување на минималната плата

February 1, 2025 11:47
in ZOOM IN, АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Маркет. Фото: Фронтлајн

Фото: Фронтлајн

Share on FacebookShare on Twitter

Повикот за бојкот ги остави речиси празни најголемиот дел од маркетите, а намалено беше и пазарењето во помалите продавници и на пазарите. За ефектите од бојкотот што се одржа вчера, првпат во државава по постојаното поскапување на основните прехранбени производи, односно, за износот на намалениот промет, се очекуваат информации од Управата за јавни приходи.

Граѓаните преку социјалните мрежи повикаа на БОЈКОТ да не пазарат во маркетите, по примерот на Хрватска и уште неколку држави.

Организаторите ги повикуваат граѓаните да се приклучат кон бојкотот за да се испрати јасна порака до одговорните за економската состојба.

„Попусто попусти кога цените се исти. Повикуваме на масовен бојкот во петок. Воздржете се од купување во големите маркети, избегнувајте ги помалите маркети. Сакаме да испратиме порака дека граѓаните нема да ги толерираат овие нереални поскапувања“, се вели во повикот на социјалните мрежи.

Податоците на Сојузот на синдикати на Македонија покажуваат дека минималните трошоци на едно четиричлено семејство во јануари се зголемени за 391 денар во однос на декември. Во делот на храната и пијалоците се бележи зголемување од 123 денари. Воедно од ССМ, посочуваат дека вредноста на синдикалната минимална кошничка за само една година пораснала за 6.089 денари што значи зголемвање од 10,63 проценти.

Сметаат дека се оправдани нивните барања за зголемување на минималната плата и на сите останати плати и оти се потребни и други мерки од страна на Владата за да се заштити животниот стандард на граѓаните.

Претседателот на Стопанската комора Бранко Азески го поддржува бојкотот, но нагласува дека единствен начин за решавање на проблемот со високите цени е дијалогот меѓу производителите и продавачите.

-Ќе поддржам се што има реална основа, а има реална основа овде да се реагира. Сепак, како претседател на Комората во која членуваат и ланците маркети, ќе инсистирам да се најде решение низ дијалог. Македонија е толку поделено општество што нови поделби не и се потребни, потребен и е дијалог да ги решиме старите. Како заштитник на компаниите, дијалогот е излез од оваа ситуација, проблемот меѓу производителите и продавачите не е од сега, туку од поодамна, а може да се реши само со разговор. Кај нас таков дијалог се одвива постојано, настојуваме да се спречи секаков потрес меѓу нив за да не се одразува врз стандардот на граѓаните. Овие нови форми и методи на вакви активности преку социјалните мрежи ќе станат секојдневие и ние треба да ги почитуваме и да ги поддржуваме, но тоа треба да биде и знак за сериозен разговор што ќе доведе до решение. Ние ќе се однесуваме најодговорно и заедно со Владата ќе бараме решение за тоа и нормално, со останатите чинители, рече Азески, одговорајќи на новинарско прашање по промоцијата на Институтот за извоз во Комората.

Премиерот Христијан Мицкоски, вели има економски оператори кои ја злоупотребуваат положбата на пазарот.

– Дијалог мора да има за да се најде решение. Тоа е алатка што ја користиме и ќе ја користиме и тука нема никаква дилема. Но, истовремено, уште вчера, детектирав и други области кои исто така влијаат негативно врз стандардот на граѓаните. Мора да признаам дека има некои економски оператори кои ја злоупотребуваат својата положба на пазарот. За мене, пред се како граѓанин, е нелогично исти производи во маркетите кај нас да бидат со исти или повисоки цени од маркетите во соседството или исти лекови кај нас да се два до три пати поскапи или бела техника, не може кај нас да биде до 50 отсто поскапо. Како човек е логично да изразам разбирање за постапката на граѓаните, но и како премиер. Не можам само да седам на страна и само да набљудувам, рече Мицкоски.

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска апелира да се почитува Законот за нефер трговски практики и да не се злоупотребува моментот дека некоја надлежна институција не излегла на терен. Поради лимитираните капацитети изминатиот период не можеле да излезат на терен, но како што рече, се работи на доепикирање и ќе бидат потпишани седум согласности за вработување во Комисијата за заштита на конкуренцијата.

– Точно е тоа дека во овој период одредени институции поради лимитираните капацитети не можеле да излезат и да ги исконтролираат состојбите, но кога станува збор за пари и финансиски трансакции, се останува вечно. Тоа значи дека на пример можеме и по 12 месеци да направиме контрола и доколку утврдиме неправилности, ќе следуваат казни. Затоа апелирам до сите компании во државата да се почитуваат законите, бидејќи во некој момент некоја од институциите ќе излезе на терен и ќе направи контрола по што ќе следат драконски казни, изјави Димитриска-Кочоска.

Засилени мерки против непочитување на законот од страна на трговците, претходно најави и министерот за економија и труд Бесар Дурмиши.

– Државниот пазарен инспекторат е на терен и доколку утврди неоправдан енормен раст на цените и нарушување на пазарната логика, ќе бидат искористини сите механизми што им се на располагање и ќе бидат донесени одлуки и мерки со цел да се заштити стандардот на граѓаните, наведе Дурмиши во објава на Фејсбук.

Бојкотот е порака и за власта која не ги спречи енормните поскапувањата, велат од СДСМ

– Граѓаните самите се организираа и преку бојкот на маркети крена глас против високите цени и енормните поскапувања. Бојкотот е порака и за власта на Мицкоски која не ги заштити граѓаните, не презеде навремени и ефикасни мерки и не го спречи растот на цените. Токму Мицкоски, на 5 декември 2024 година, на прес конференција во Владата  ја промовираше „кошничката“ и рече дека над 600 производи ќе поевтинат. Па потоа тераше евтини ПР кампањи и ги убедувавте граѓаните дека кошничките имаат ефект, дека цените се намалени. Но, наместо да се намалат цените се зголемија. Затоа што Владата им оставив време на големите трговци да ги покачат цените на производите пред да стапи мерката во сила. Буквално се поскапе. Зејтинот, јајцата, млечните производи, шеќерот, грашокот, гравот, леќата….Синдикалната кошничка се искачи на 63 илјади денари а платите стагнираат. Дестина милиони евра се испумпани од џебовите на граѓаните, соопштуваат од СДСМ.

Оттаму велат дека сиромаштијата расте а власта нема економски мерки и политики кои ќе одговорат на потребите на граѓаните.

– СДСМ предлагаше конкретни мерки и решенија за да се спречи растот на цените, како законот за намалување на ДДВ на храната на 0%, законот за зголемување на минималната плата, предлозите за зголемување на платите по сектори. Но, арогантната власт тоа го одби. Затоа, целосно е разбирлив револтот на граѓаните од поскапувањата и начинот на којшто тоа го покажаа, се нагласува во соопштението од СДСМ.

Организацијата на потрошувачи на Македонија даде поддршка за јавниот повик за бојкот. Оттаму предлагаат Владата да преземе подолгорочни мерки за да се заштити стандардот на граѓаните.

– Организацијата на потрошувачи го поддржува граѓанскиот повик на социјалните медиуми за бојкот на маркетите. Не сме организатори на оваа акција, но ги поддржуваме граѓаните со цел да се поттикне бизнис секторот да ги намали цените на производите, особено на прехранбените производи бидејќи тие се навистина поскапени, изјави претседателка на ОПМ, Мирјана Лончар во изјава за МИА.

Занаетчиската комора, исто така го поддржа бојкотот, а претседателот Агрон Фазлији, апелирашпе граѓаните секогаш кога ќе имаат можност да купат леб и други прехранбени продукти во занаетчиските пекари и  други дуќани за да се поддржи локалното производство. Воедно ги повика занаетчиите  да ги намалат цените на своите продукти.

Најновите статистички податоци покажуваат дека трошоците на живот во 2024 година во однос на 2023 година бележат пораст од 3,5 проценти, а цените на мало од 3,8  проценти.

Ј. Ѓ.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: бојкотмаркетиплата

НАЈНОВО

Судир на полицијата со демонстрантите во Белград. Фото: Скриншот, Н1

Студентите во блокада ги повикаа граѓаните на Србија на масовен прекин на работата до исполнување на нивните барања

June 30, 2025

Пожар во галија на Вардар во Скопје, интервенира едно противпожарно возило

June 30, 2025

Брутални навреди и напади врз редакциите на Н1 и Нова: Вучиќ нè нарекува терористи, Информер бара апсење на новинари

June 30, 2025

НАЈЧИТАНО

  • За Латас, децата треба да учат во училиште

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица потешко повредени во сообраќајка во центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пожар во галија на Вардар во Скопје, интервенира едно противпожарно возило

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во првото коло од Вимблдон 737-от тенисер во светот победи без да изгуби сет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брутални навреди и напади врз редакциите на Н1 и Нова: Вучиќ нè нарекува терористи, Информер бара апсење на новинари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk