ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Андоновски: Со закон ги забрануваме нелегалните онлајн игри на среќа

February 4, 2025 12:13
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Фото: Кабинет на министерот Стефан Андоновски

Фото: Кабинет на министерот Стефан Андоновски

Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, изјави дека во измените на Законот за електронски комуникации кои се влезени во собраниска процедура, предвидено е да се забранат нелегалните онлајн игри на среќа.

-Во Законот за електронски комуникации предвидуваме една измена каде што со закон ги забрануваме нелегалните онлајн игри на среќа, или онлајн коцкарници. Во Македонија лиценци за приредување онлјан игри на среќа нема ниту една приватна институција, а граѓаните знаат дека бројни такви се присутни. Детектирани се околу 160 провајдери кои што се присутни на македонскиот пазар, а немаат лиценца за организирање на онлајн игри на среќа, изјави Андоновски во гостувањето во „Студио 10” на Телевизија 24.

Тој подвлече дека Министерството за дигитална трансформација работело на законските измени координирано со останатите институции кои што се засегнати во оваа област, за да се избегне да си упаднат во надлежностите една на друга.

-Ги известивме глобалните приредувачи на игри на среќа кои што не добиле и не аплицирале никогаш за лиценца во Македонија дека се во спротивност со законот и паралелно на тоа работевме на измени на законот. Гледавме да не упаднеме во надлежностите на Министерството за финансии, УЈП и Државната лотарија и заедно со нив стигнавме до законско решение кое што помина на Влада, а по седум дена е влезено во собраниска процедура и очекувам да помине на Комисијата за дигитална трансформација, вели Андоновски.

Според него, ова е еден од начините да се спречи младите да имаат пристап до нелегалните онлјан игри на среќа и да споделуваат податоци кои што лесно можат да бидат злоупотребени. Андоносвки очекува Предлог измените на Законот да бидат прифатени од сите политички партии во Парламентот.

-Станува збор за измени на закон кој што не се од политичка природа и се надевам дека сите пратеници од која било политичка партија ќе ги поддржат, бидејќи навистина е начин како да спречиме нашите млади тинејџери да играат онлајн игри на среќа и да споделуваат лични информации онлајн кои што не знаеме каде одат, порача министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Бешлиовска: Бараме итно вработување на медицинските лица кои со години работат без здравствено и пензиско осигурување

НАЈНОВО

Намален бројот на барања за азил во ЕУ, Германија повеќе не е главна дестинација

September 8, 2025

Летонија нареди 841 руски државјанин да ја напуштат земјата

September 8, 2025

Петмина повредени во сообраќајка на патот Мавровска крстосница – Гостивар

September 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Петмина повредени во сообраќајка на патот Мавровска крстосница – Гостивар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Атанасовски за Сител: Очекувам победа на Герасимовски во Центар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руската хибридна војна против Европа (1): Европа конечно признава дека е нападната

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија со вмро е како проститутка на масажа во салонот на Мевосекот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk