Поминаа три месеци од несреќата на железничката станица во Нови Сад, а повеќе од два месеци траат протестите и студентските блокади со кои се бара утврдување на одговорноста за несреќата и спроведување на правдата и правата.
Блокадите продолжуваат, а Форумот на белградските средни училишта донесе одлука за прекин на наставата.
Професори од белградските факултети во понеделник се собраа пред Филозофскиот факултет и пред Ректорската управа во Белград за да ги поддржат студентите во нивните барања за исполнување на четири барања. Професорите собрани во иницијативата „Бунтвен универзитет“ решија да бидат официјална поддршка за студентите. Таа иницијатива ја потпишаа 1.600 вработени на факултетите и институтите во Белград, пренесуваат српските медиуми.
Во меѓувреме, Универзитетот за уметности во Белград покрена петиција со која бара светската јавност да посвети поголемо внимание на студентските блокади кои траат веќе три месеци и кои се проследени со физички напади врз нив.
Д. Т. / Цивил Медиа