ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МАГАЗИН

Намирници благотворни против жиговина

February 4, 2025 09:48
in ДЕНЕС, МАГАЗИН
Share on FacebookShare on Twitter

Враќањето на киселина од желудникот, нарекувана горушица или жиговина, е чест проблем што предизвикува непријатност т.е. печење во градите, тешкотии при голтање итн., што, ако се јавува почесто – Ви го нарушува квалитетот на животот.

Жиговината често е предизвикана од лошите навики во исхраната: Прекумерно консумирање нездрава храна, алкохол, од стрес, пушење, дебелина, па дури и одредени медицински состојби како хернија или бременост. Сепак, постојат природни начини за ублажување на овие непријатности, а промените во навиките во исхраната и употребата на билки и некои други состојки може значително да помогнат во намалувањето на киселоста на желудникот.

Ѓумбирот, на пр., е познат по своите антиинфламаторни својства и може да биде корисен за смирување на дигестивниот систем и спречување на жиговина. Чајот од ѓумбир пред јадење е особено препорачлив, но важно е да се пие умерено, бидејќи прекумерната употреба може да има спротивен ефект.

Натаму… Иако на прв поглед изгледа контрадикторно, и јаболковиот оцет може да помогне во урамнотежувањето на киселоста во желудникот. Се препорачува да се консумира разредена со вода, пред јадење и – во мали количини за да се избегне иритација на желудникот.

Покрај досега наведените намирници, важно е да се променат и лошите навики во исхраната и начинот на живот, за да се ублажи и спречи жиговината. Во таа смисла, прескокнувањето на појадокот може да предизвика зголемено лачење стомачна киселина. Наместо тоа, лесен оброк со овесна каша, банана и бадеми, којшто е богат со влакна – е одличќен за одржувањето здрав систем за варење на храната.

И бадемите се природни антациди што ја неутрализираат стомачната киселина. Јадењето само неколку бадеми после оброк може да ги ублажи симптомите на жиговина.

Масната и пржената храна, исто така, може да ги влошат симптомите на горушица. Затоа, наместо тоа, изберете оброк со разновидна, лесна и хранливо-калорична храна, како што се супите од зеленчук илипилешките салати.

Јадењето храна непосредно пред спиење е следната лоша навика. Се препорачува последниот оброк да биде најмалку два часа пред спиење. А, во таа насока, печена риба со зеленчук е речиси совршен избор.

Со прифаќањето и примена на овие совети, горушицата може значително да се ублажи и, со тоа, да го подобрите Вашето дигестивно здравје. Редовните промени во навиките во исхраната и рутините на животниот стил се клучни за долгорочно намалување на опасностите од жиговина.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: жиговинанамирници

НАЈНОВО

Македонија ги дозна можните ривали за квалификациите за СП во кошарка

May 13, 2025
Обид за киднапирање на жена во Париз. Фото: Скриншот од видео објавено на Х

(ВИДЕО) Обид за киднапирање на жена во Париз среде бел ден

May 13, 2025

(ВИДЕО) Зеленски: Путин се плаши од директни преговори со мене

May 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: О. Бошњаковски / ФРОНТЛАЈН

    Затворени 13 научни институти, уште 13 под силен мониторинг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски е тажен, сака авион – ама нема

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Која е најголемата цел на премиерот Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хоџиќ: Потребно е обединување на напорите на сите прозападни политички сили за брзо враќање на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk