ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МАГАЗИН

Колагенот важен против опасноста од рак

February 5, 2025 10:58
in ДЕНЕС, МАГАЗИН
Share on FacebookShare on Twitter

Колагенот во телото има важна и благотворна улога во одржувањето неактивни клетки на рак, посочуваат нови испитувања. Во таа смисла, особено се издвојува колагенот тип 3, којшто делува како природна заштита против активирањето на клетките на рак и нивното натамошно ширење. Овие научни откритија отвораат сосем нов пoглед во лекувањето и контролата на ракот, на начин што претходно бил занемарен во онкологијата, пишува порталот „Харти соул“ (The Hearty Soul).

Испитувања врз глувци покажаа дека „заспаните“ малигни клетки се опкружени со поголеми количини колаген, во споредба со активните клетки на рак. Слично на тоа, кај пациенти со рак на главата и вратот, т.е. оние чиј рак се проширил на лимфните јазли, имало помалку колаген тип 3 околу примарните тумори. Овие наоди говорат дека недостатокот на колаген тип 3 може да доведе до поттикнување и ширење на ракот.

Колагенот е најзастапениот протеин во човековото тело, и е клучен за здравјето на кожата, зглобовите, коските, мускулите и сврзното ткиво. Лачењето во телото природно опаѓа со возраста, што е една од главните причини, на пр. – за брчки, крута кожа и слаби зглобови. Колагенот потоа зависи од внос на есенцијални амино киселини и витамин Ц, што телото ги добива од јадење месо, риба, млечни производи, јајца, мешунки итн.

Постојат најмалку 28 видови колаген. Најзастапените се следниве:

1. Колаген тип 1 – најзастапен во телото (90 отсто од вкупниот колаген), се наоѓа во кожата, коските, тетивите, лигаментите и забите. Тој е одговорен за еластичноста и цврстината на кожата, како и за јачината на коските.

2. Колаген тип 2 е главната компонента на ‘рскавицата. Тој е клучен за здравјето и мобилноста на зглобовите. Се користи во суплементи за артритис и проблеми со зглобовите.

3. Колаген тип 3 се наоѓа во кожата, крвните садови, внатрешните органи и мускулите.

4. Колаген тип 4 се наоѓа во базалните мембрани, т.е. ги обложува органите и крвните садови.

5. Колаген тип 5 е присутен во кожата, косата, плацентата и рожницата на окото. Помага во формирањето на колаген тип 1.

6. Колаген тип 10 се наоѓа во ‘рскавицата и учествува во минерализацијата на коските. Тој е од клучно значење за заздравувањето по скршениците.

7. Типовите 11, 12, 13 и други, имаат поспецифични функции во различни ткива, како што се рожницата на очите, внатрешните органи и мускулите.

Први знаци на падот на колаген во телото

Лачењето колаген почнува да опаѓа по 25-годишна возраст. Секоја година после тоа, нивото на колаген се намалува за околу 1 отсто годишно. Во 40-тите и 50-тите години од животот, тоа намалување станува позабележително. Кај жените, менопаузата дополнително го забрзува губењето колаген поради намаленото ниво на естроген – хормон што го поддржува лачењето колаген.

По 60-та година, телото произведува минимални количини на колаген, што доведува до изразени знаци на стареење и потреба од дополнителна поддршка преку исхрана или додатоци.

Во оваа смисла се препорачува цитрусно овошје, пиперки, брокула, потоа – риба, пилешко месо, јајца, млечни производи, мешунки, храна богата со цинк и бакар – јаткасти плодови, семки, школки, како и хидролизирани колагенски додатоци во прав или капсули.

Причини за намалено производство на колаген

Лачењето колаген во телото опаѓа поради внатрешни и надворешни фактори коишто влијаат на функционирањето на  тн. фибробласти – клетки што го произведуваат колагенот. Главните причини поради коишто се намалува лачењето колаген е природниот процес на стареење, т.е. генетската предиспозиција, промени во хормоните, УВ-зрачењето („фотостареење“).

Слободните радикали што се создаваат од загадувањето, пушење цигари, лоша исхрана и стрес, дополнително ги оштетуваат клеточните мембрани и ја нарушуваат нормалната функција на фибробластите. Ова води до намалување на квалитетот и квантитетот на произведениот колаген. Витаминот Ц е неопходен за синтезата на колаген, па и без доволна количина од овој витамин, производството на колаген е забавено. Недостаток на цинк и бакар во исхраната е уште една причина, бидејќи тие се клучни за создавање на колагенските влакна.

Хроничниот стрес, исто така, го зголемува нивото на кортизол – хормон којшто се меша со регенеративните процеси во телото.

Никотинот го намалува снабдувањето со кислород на кожата, и така ги оштетува фибробластите. Останатите хемикалии од цигарите го зголемуваат разградувањето колагенски влакна. Алкохолот, пак, ја дехидрира кожата. Хронични воспаленија, предизвикани од болести, нездрава исхрана (богата со шеќер и транс масти) и оксидативниот стрес, исто така, ги оштетуваат колагенските мрежи и го забавуваат нивното обновување.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: колагенРак

НАЈНОВО

На „Табановце“, стартува системот One Stop за интегрирана гранична контрола

July 4, 2025
Судир на полицијата со демонстрантите во Белград. Фото: Скриншот, Н1

„SafeJournalists“: Ситуацијата е надвор од контрола – бараме итна заштита на медиумските работници во Србија

July 3, 2025
Фото: Укринформ

Осум загинати во нови руски напади врз Украина

July 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Забрчанец: Имавме серија потврди за македонскиот идентитет од 2017 до 2024 – дали иницијативите на Мицкоски се осмислени за да не успеат?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Александра Наќева Ружин нов претседател на Советот на амбасадори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сиљановска Давкова околу усвојувањето на извештајот во ЕП, вели „се е можно да се случи“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk