ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Реакција на Кривичен суд за случајот Фросина: Да не се подлегнува на провокации, лажни вести и шпекулации

February 5, 2025 15:16
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Судиите и Подружницата на Здружение на судии на РСМ при Основен кривичен суд Скопје денеска во соопштение до медиумите изразуваат длабоко жалење за загубениот млад живот на Фросина Кулакова во сообраќајната несреќа која ја потресе јавноста и, како што наведуваат, поттикнати од бурните реакции во јавноста по повод донесената неправосилна пресуда за Васил Јованов за сосема друг случај, како судии ценат дека е потребно да се обратат до јавноста со цел заштита на угледот на судиската функција, но и демантирање на сите шпекулации и лажни вести.

Во продолжение ја пренесуваме интегрално реакцијата на Судиите и Подружницата на Здружение на судии на РСМ при Основен кривичен суд Скопје

– Како судии ги подржуваме граѓаните во нивните барања за Системските промени, што впрочем е и заложба на Премиерот, а се однесува за зголемување на безбедноста во сообраќајот, што во извесна мера значи и  промена на одредбите во Кривичниот законик за овој тип на кривични дела, кои очигледно често се повторуваат, а кои одредби неретко и ги „ограничуваат“ судиите во нивното постапување.

Поттикнати од бурните реакции во јавноста по повод донесената неправосилна пресуда за сосема друг случај, како судии цениме дека е потребно да се обратиме до јавноста со цел заштита на угледот на судиската функција, но и демантирање на сите шпекулации и лажни вести.

Најпрвин во однос на Кривичната пресуда за предметот К.бр. 1439/24 против В.Ј. , ја информираме јавноста дека истата се однесува на кривичното дело за наркотици и истата се уште не е правосилна односно е во фаза на одлучување во Апелациониот суд Скопје. Судијата Даниела Алексовска-Стојановска при одлучувањето за санкцијата се водела исклучиво согласно Законските одредби, слободното судиско убедување и воспоставената судска пракса, како и наводите на јавниот обвинител кој  во Завршните зборови навел:

….обвинетиот е многу млад и до сега не бил во судир со законот, па во овој комплексен предмет најмногу заради возраста на обвинетиот и фактот што потекнува од современо функционално семејство, на судот му останува задачата да определи најдобра санкција, со која ќе му се влијае на обвинетиот да сфати дека преземал противправни дејствија

Неточни се шпекулациите дека обвинетиот бил претходно осудуван и се воделе други кривични постапки против него, што е евидентно и од наводите на Јавниот обвинител и Казнената евиденција, а кои се тие фамозни 10 пријави по кои постапувал истиот судија за истиот обвинет се прашуваме и ние, зошто такви пријави не се процесуирани до судот.

Изречената кривична санкција била согласно Законските одредби од КЗ, но и како што е предложено од обвинителот во Завршните зборови – најдобра санкција, со која ќе му се влијае на обвинетиот да сфати дека преземал противправни дејствија.

Прашање е дали доколку била изречена и казна затвор, мерката притвор ќе можела да опстои пред повисоките судски инстанци имајќи ја предвид досегашната судска пракса, препораките од Судот за човекови права во Стразбур и постојани критики на Меѓународната заедница дека мерката притвор не смее да се користи како казна. Дотолку повеќе што и при укинување на мерката притвор, Јавниот обвинител не вложил жалба на притворот туку вложил само на кривичната санкција.

Иако не е суштина на проблемот истакнуваме дека судот преку медиумите за прв пат дозна дека, истото лице претходно бил сторител на сообраќајна незгода, но наместо истата да се процесуира во судот, завршила во Јавното обвинителство каде во согласност со обвинителот, платил парична казна од 18.000 денари.

Надлежните органи можат да утврдат дали и во тој случај имало умисла кај лицето.

Како судии ги повикуваме надлежните судски институции да ги искористат механизмите за проверка на првостепната пресуда и да утврдат дали постојат евентуални пропусти во постапката и дали воопшто имало услови за изземање на судијата во контекст на сите шпекулации за нејзина поврзаност со семејството на обвинетиот.

Нејасна  е конекцијата на овој предмет со кривично дело, кое било сторено 7 месеци по донесување на првостепена пресуда, или пак со било кој друг предмет кој се водел кај истиот судија.

Неказнивоста во нашето општество не е генерирана само од Судската власт, туку е проблем на сите три власти, а тоа може да се утврди доколку се имаат предвид сите  Закони за амнестија, помилувања и измени на Кривичниот законик со кои целосно или делумно се ослободени голем број осуденици лица.

Судиите постапуваат исклучиво врз основа на Уставот, Законите и Меѓународно ратификуваните договори, раководејќи се по начелата за независност, непристрасност и правичност, но и начелото на јавност и праксата од јавно достапните правосилни пресуди.

Ја повикуваме јавноста да не подлегнува на провокации, лажни вести и шпекулации, како и стигматизирање и линч на еден судија, заради постигнување на други цели.

Се додека разумно не се согледаат причините за ваквите пропусти, можноста за нивно повторување се зголемува. Затоа во име, не само на последната жртва, туку во име на сите претходни жртви во сообраќајот, изразуваме сочувство и бараме со рационален и објективен пристап да се утврдат причините за овие немили настани со цел да изградиме побезбедно општество за граѓаните,  во чие име ги носиме пресудите, се наведува во соопштението од судиите и Подружницата на здружение на судии на Основен кривичен суд Скопје.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Основен кривичен суд СкопјепровокацииФросина

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

(ВИДЕО) Вимблдон: 11 историски моменти кои никогаш нема да се заборават

July 1, 2025

Лажната дилема на лажните либерали и прогресивци

July 1, 2025
Фото: Jasin Boland/Universal Pictures and Amblin Entertainment

(ВИДЕО) Скарлет Јохансон и Џонатан Бејли ја „препородуваат“ франшизата „Jurassic World: Rebirth“

July 1, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Пожар во галија на Вардар во Скопје, интервенира едно противпожарно возило

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • За Латас, децата треба да учат во училиште

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брутални навреди и напади врз редакциите на Н1 и Нова: Вучиќ нè нарекува терористи, Информер бара апсење на новинари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Голема сензација на Вимблдон: Отпадна третата тенисерка на светот за само 58 минути

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица потешко повредени во сообраќајка во центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk