ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Во Белград денеска протестираат работниците на Градското јавно претпријатие со поддршка од студентите, Здружението на педијатри и други

February 5, 2025 10:09
in ДЕНЕС, РЕГИОН

Поминаа три месеци од несреќата на железничката станица во Нови Сад, а повеќе од два месеци траат протестите и студентските блокади со кои се бара утврдување на одговорноста за несреќата и спроведување на правдата и правата.

Блокадите продолжуваат и денеска, а како што претходно беше најавено, денеска пензионерите ќе протестираат во Трг Република. Работниците на ГСП ( Градско сообраќајно претпријатие) одржуваат предупредувачки протест, а доколку не им се исполнат барањата ќе штрајкуваат. Поддршка за просветните работници ќе биде изразена пред Министерството за образование, а студентите најавија дека ќе бидат и на сите овие протести, јавуваат српските медиуми.

Работниците на Градското сообраќајно претпријатие (ГСП) „Белград“ се собраа на предупредувачки собир во улицата„ Кнегиње Љубице“, во близина на депото „Дорќол“, од каде се упатија кон Градското собрание каде ќе ги изнесат своите барања.

На работниците им се придружија студенти кои извикуваат „Студентите со работниците“ и носат макета од тролејбус.

Граѓаните на собирот носат транспаренти „Протест на работниците од ГСП“, „Бунт е чин на образован човек свесен за своите права – Албер Ками „Бунтовник““, „Студентите со работниците на ГСП“, „Колку е доверлив овој систем“, „Ако ви пречат блокадите, одете со метро“ и извикуваат „Генерален штрајк“.

И од Здружението на педијатри на Србија денеска соопштија дека ги поддржуваат студентските барања, оценувајќи ја нивната борба како надполитичка.

Здружението во соопштението наведува дека изразува почит кон ентузијазмот, социјалната и интелектуалната зрелост и истрајност што академиците ја покажаа во изминатиот период.

Д. Т.  / Цивил Медиа

Tags: БелградГрадското јавно претпријатиепротестстуденти
Next Post
Скриншот

Трамп ќе биде првиот актуелен претседател на САД кој ќе присуствува на Супербол

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

Зеленски по пристигнувањето во Вашингтон: Се надева дека заедничката сила на Украина, САД и Европа ќе ја присили Русија на мир

August 18, 2025

Трамп: Зеленски би можел да ја заврши војната со Русија речиси веднаш

August 18, 2025

Армијата го слави 33. роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Млада жена се обидела да ја убие бабата на својот сопруг со која живееле заедно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што пишуваа германските медиуми за ескалацијата во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Четворица ограбувачи испразниле златарница во Сиетл за 90 секунди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk