ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ ги донесе граѓаните историски најбрзо до просјачки стап

February 7, 2025 08:27
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА

„Ценовните шокови и ова што сега се случува е тотална негрижа за граѓаните, да го искористам омилениот израз на владините преставници, ова е  историски најбрзо носење до просјачки стап, порача претседателот на Социјалдемокртаскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, во емисијата „Дебата“, на ТВ Клан Македонија.

Филипче во интервјуто потенцираше дека според анализите секој втор граѓанин има помалку пари од  минатата година овој период.

„Ценовните шокови ова што сега се случува е тотална негрижа за граѓаните. Цените растат а Владата ништо не прави да ги сконтролира. Да го искористам омилениот израз на владините преставници,  историски најбрзо носење до просјачки стап.  Тоа е страшно осиромашување на граѓаните.  Нашите анализи и анкети покажуваат дека 45% од граѓаните значи секој втор има помалку пари отколку што имал минатата година ова време. Ние укажуваме на тоа ,но Владата не се грижи. Некако ја пуштија работата да се менаџира самата со себе. Од Владата  велат нека се договорат работодавачите и работниците. Исто како што ги оставија сами  маркетите да одредуваат цените, па сега имаме за 6.000 денари поскапа кошничка од пред неколку месеци, што е страшен ценовен шок за граѓаните. Граѓаните не можат да ги платат основните продукти“, рече Филипче.

При тоа, Филипче посочи дека во овие изминати месеци власта се однесува делумно и како опозиција, не престанувајќи да ја критикуваат СДСМ и да бараат причини за нивните несупеси.

„Поддржуваат протести на граѓаните за проблем коишто Владата треба да го реши. Оваа Влада не испорачува тоа што треба. Сметам дека Владата во првите месеци јасно покажа дека на власт дојдоа со лажни ветувања, секојдневно се разобличува лага по лага,нема никакво чувство на одговорност, ниту пак да преземеат одговорност за нивните постапки“, рече Филипче.

Говорејќи за тоа што треба да се преземе за подобрување на животниот стандард на граѓаните, Филипче посочи дека Владата покажа тотална незаинтересираност и за предлозите на СДСМ за пораст на минималната плата и за укинување на ДДВ за прехранбените производи.

„Поднесуовме закон за минимална плата. Најмалку две минимални плати иако сметам дека треба и повеќе се потребни за  да ја покријат потрошувачката кошничка, но  власта тоа го одби. Не дозволија ниту дебата во Собранието. Нема ниту една причина да не се продолжи нашиот воспоставен систем на раст на платите.  Не гледам причина зошто Владата не ги зголемува платите. Предложивме и една мерка за да се намалат цените на прехранбените производи, за основите прехранбени производи да се укине ДДВ од 5%, и тоа го одбија.Мислам дека се незаинтерисирани за граѓаните и за државата“, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

 

Tags: платиФилипчецени
Next Post

Балтичките земји по три и пол децении, викендов се исклучуваат од електроенергетскиот систем на Русија и Белорусија

НАЈНОВО

ДИК одлучи: На независните кандидати ќе им бидат потребни само два потписа од избирачи за учество на локалните избори

August 17, 2025

Макрон: Путин не сака мир, туку капитулација на Украина

August 17, 2025

Фон дер Лајен и Зеленски од Брисел: Само Украина може да решава за своите граници, убивањето мора да се запре

August 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Млада жена се обидела да ја убие бабата на својот сопруг со која живееле заедно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што пишуваа германските медиуми за ескалацијата во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК одлучи: На независните кандидати ќе им бидат потребни само два потписа од избирачи за учество на локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk