ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

За администрацијата на Трамп доволни се до 300 работни места во УСАИД, Русија го поздрави потегот

February 7, 2025 09:22
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп го претстави планот за драстично намалување на персоналот на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД) ширум светот, оставајќи помалку од 300 вработени, јавија американските медиуми. Руското Министерство за надворешни работи ја поздрави одлуката на новата американска администрација

Според медиумите, планот ќе остави на работа помалку од 300 вработени од сегашните 8.000 директно вработени и со договори. Тие, заедно со околу 5.000 локални вработени ангажирани во странство, ќе раководат со програмите кои управата вели дека засега има намера да ги продолжи.

Се уште не е јасно дали намалувањето на персоналот на 300 вработени ќе биде трајно или привремено, што потенцијално ќе им овозможи на некои вработени да се вратат откако администрацијата на Трамп ќе ги разгледа и одлучи кои програми за помош и развој ќе ги продолжи.

Државниот секретар Марко Рубио за време на неговата посета на Доминиканската Република рече дека владата на САД ќе продолжи да обезбедува странска помош.

„Но, ова ќе биде странска помош што има смисла и е во согласност со нашиот национален интерес“.

По инаугурацијата на претседателот Доналд Трамп на 20 јануари, широкото замрзнување на финансирањето ги затвори повеќето програми на агенцијата ширум светот и речиси сите нејзини вработени беа ставени на одмор. Маск и Трамп разговараа за укинување на УСАИД како независна агенција и преместување на   програми во Стејт департментот.

Критичарите на одлуката инсистираат дека потегот е незаконски без одобрение од Конгресот.

Американската агенција вчера соопшти дека целиот нејзин персонал во САД и во светот ќе биде на „административно отсуство“ почнувајќи од петок.

Агенцијата сега е ставена под надзор на американскиот државен секретар Марко Рубио.

Руското Министерство за надворешни работи ја поздрави одлуката на новата американска администрација да ја затвори Агенцијата за меѓународен развој (УСАИД).

– Единствено од што сме задоволни е што се што кажавме се оствари, рече портпаролката на Министерството Марија Захарова, осврнувајќи се на повеќекратните руски критики кон УСАИД.

Русија го протера УСАИД од својата територија во 2012 година, обвинувајќи ја агенцијата за финансирање на протестите на опозицијата против Кремљ и мешање во изборите.

Русија ја обвини американската агенција дека ги поддржува антивладините движења во соседните земји, особено Украина и Грузија, со цел да се доведат на власт луѓе кои се про-Вашингтон и непријателски настроени кон Москва.

УСАИД, основана во 1961 година со акт на Конгресот на САД, управува со буџет од повеќе од 40 милијарди американски долари, наменет за хуманитарна помош и развојна помош ширум светот. Вработува околу 10.000 луѓе, од кои две третини се испратени во странство.

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Иницијатива за интерпелација на дел од членовите на Судскиот совет, доколку се изгласа недоверба тие сами одлучуваат дали ќе се повлечат

НАЈНОВО

Крвава драма во Велес: Маж уби жена и нејзиниот татко, па се самоуби

September 15, 2025

Мицкоски: Експертите велеа дека најмалку седум дена ќе се гасне пожарот во Трубарево, а го изгаснавме за 30 часа

September 15, 2025

Со одлука на Меџити се затвора нестандардната депонија за отпад во Никуштак

September 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Дуел за Штип: Само двајца кандидати за градоначалник, 11 листи за советници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: СДСМ и Филипче со патолошки пристап во политиката, без аргументи создаваат магла и лажни скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Нема протокол, има чад, имам план за заштита на граѓаните од пожарите и депониите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Стеваноски реагира: Полицајци во цивил од Скопје се однесуваат насилнички и застрашувачки во Прилеп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од Старата чаршија до младинските центри: Меџити ја претставува визијата за Чаир во интервју за Фронтлајн

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk