ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Иницијатива за интерпелација на дел од членовите на Судскиот совет, доколку се изгласа недоверба тие сами одлучуваат дали ќе се повлечат

February 7, 2025 09:24
in ДЕНЕС, МЕДИУМИ
Share on FacebookShare on Twitter

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ се очекува до Собранието да поднесе иницијатива за изгласување на недоверба на членовите на Судскиот совет избрани од Собранието откако вчера ваква можност најави премиерот Христијан Мицкоски според кого потребно е формирање на нов Судски совет кој без партиски стеги ќе претставува монитор за тоа како судиите се однесуваат и какви одлуки носат. Ваквиот чекор, опозицијата го оцени како можност за партизација на Советот од страна на власта и побара следните чекори и реформи во правосудството да се прават со консензус на сите партии во законодавниот дом. За актуелниот претседател на Судскиот совет, секој може да поднесе инцијатива, но единственото место каде е предвидена постапка за разрешување е Законот за Судски совет.

Според Мицкоски, потребно е формирање на нов Судски совет којшто ќе може да го разбистри, како што вели, политичкото мочуриште и ќе претставува своевиден монитор за тоа како судиите се однесуваат, какви одлуки носат и зошто носат такви одлуки. Пред вчерашната средба со новинарите во Клубот на пратеници, тој оцени дека не може целосно да го распушти Советот, ниту пак, за кратко време да се детектираат аномалиите.

– Ние не можеме да направиме целосно распуштање, ниту пак можеме за така кратко време да ги детектираме аномалиите. Но, можеме да избереме Судски совет, којшто објективно без партиски стеги, без интереси, ќе може да го разбистри ова политичко мочуриште и да биде своевиден монитор на тоа како судиите се однесуваат, какви одлуки носат и зошто носат такви одлуки, рече премиерот.

Иницијативата која пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја поднесат во законодавниот дом за изгласување на интерпелација на членовите на Судскиот совет, според Мицкоски ќе значи чекор кон длабоки реформи и ослободување на правосудниот систем од контроверзии и корупција.

Премиерот појасни дека и покрај тоа што ќе се изгласа интерпелација, тие ќе можат и понатаму да бидат дел од Советот, но, како што рече, кога тој што те избрал, ќе ти изгласа недоверба, тогаш не е добро да продолжуваш да водиш инает.

Доколку биде изгласана интерпелација, а членовите и понатаму останат во Советот, Мицкоски вели има други механизми, но, изрази надеж дека доколку парламентарците изгласаат недоверба на членовите на Судскиот совет, тие ќе бидат доблесни и ќе се повлечат.

За денеска најавена е прес-конференција на координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски, а според најавите, темата е правосудство.

По најавата дека ќе биде поднесена иницијатива во законодавниот дом за изгласување на недоверба на Советот, вчера претседателот на Судскиот совет Александар Камбовски порача дека секој во Собранието може да поднесе иницијатива, но дека единствено место каде што е предвидена постапка за разрешување на членови на Судскиот совет е Законот за Судски совет.

– Во повеќе наврати сум дал изјави и мислења во поглед на постапката за разрешување на членови на Судскиот совет. Единствено место каде што тоа е предвидено е во Законот за Судски совет. Иницијативи може да се поднесуваат до Собранието, секој има право да поднесува иницијативи, рече Камбовски.

Прашан за тоа што доколку биде изгласана интерпелација на членовите на Советот, Камбовски рече дека не сака да шпекулира, бидејќи нема причина да се сомнева во Собранието и Владата дека работат согласно законите и Уставот.

– Сите работиме согласно закон и Устав. Немам причина да се сомневам дека и Собранието и Владата работат согласно на тие принципи, рече Камбовски.

Од опозициската СДСМ согласни се дека се потребни темелни реформи во правосудството кои ќе значат независно и ефикасно судство, но, нагласуваат дека не смее да се дозволи нова партизација од страна на власта.

– Потребни се темелни реформи на правосудството и тоа го очекуваат граѓаните. Но, реформи кои ќе значат независно и ефикасно судство кое ќе обезбеди правда. Не смее да дозволиме правдата која ја бараат граѓаните да се претвори во нова партизација и окупација преку смена на Судскиот совет од страна на власта, истакна вчера лидерот на СДСМ Венко Филипче во објава на Фејсбук.

Нагласи дека опозициската СДСМ бара следните чекори и реформи во правосудството да се прават со консензус на сите партии во Собранието.

– Потребен е национален, натпартиски пристап кој ќе обезбеди реформи согласно европските препораки. За тоа е потребно формирање на заедничка работна група во Собранието кое ќе ги дефинира, контролира и заеднички спроведува реформите во овој чувствителен сегмент. Доколку ВМРО-ДПМНЕ има искрена намера, ова ќе го прифати. Во спротивно ќе значи дека имаат сосема различни намери, напиша Филипче на Фејсбук.

Tags: судски совет
Next Post

Дојави за бомби во повеќе училишта низ државава

Shortcut

Најново

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
Италија, 16 октомври 2026

Студентски протести во Албанија и Италија – кои се барањата на демонстрантите?

October 17, 2026

Европската интеграција во маѓепсан круг: Реториката на Мицкоски и цената на изгубеното време

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ива Михаилова (скриншот од видео на Инстаграм)

    АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА: Случајот „Ива Михаилова“ меѓу судските забрани, човековите права и политичките пресметки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се снајде на туѓа сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Живите лежечки полицајци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Анализа на НОВА: Банките доминираат на Берзата – што значи тоа за економијата?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа гради коридори, Скопје гради изговори: Политика изгубена во сопствениот лавиринт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk