ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Каранфилова-Пановска: Кога ВМРО-ДПМНЕ е власт, жените секогаш биле во ризик

February 9, 2025 21:21
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФЕМИНА

Жените се столбот и силата на СДСМ, ама жените се силата и столбот на општеството, социјалдемократската идеја е единствената којашто нуди пристојни услови за развој и напредок на жените, секогаш кога ВМРО-ДПМНЕ била власт жените биле во ризик, истакна заменик претседателката на СДСМ Фани Каранфилова Пановска, на денешната трибина по повод 25 годинишнината од формирањето на Форумот на жени на СДСМ.

-Денеска само после осум месеци на власт, власта на ВМРО-ДПМНЕ ги покажува истите тие карактеристики. Власта на ВМРО-ДПМНЕ не се грижи за основното, за социјалната и економската сигурност на сите граѓани, а пред се на жените. Сите гледаме како со растот на цените, особено на основните прехранбени производи нашиот животен стандард е срозан. Сите гледаме како со тоа што се случува во Собранието, со поднесениот сет на закони од делот на образованието ВМРО-ДПМНЕ сака да ја загрози онаа околина во којашто се образуваат нашите деца, посочи Каранфилова Пановска.

Заменик претседателката на СДСМ Фани Каранфилова Пановска нагласи дека има  250.000 жени, кои не се активни на пазарот на трудот, а ВМРО-ДПМНЕ, иако се обрзал, не води сметка за вистинското место на жените на пазарот на трудот.

Имаме проблеми во здравството. Во изминатиот период сведочиме колку голем број на деца и бебиња се жртви на неефикасниот менаџмент на здравствениот систем во нашата држава. Никогаш претходно, многу одамна, такви цифри на доеничка и детска смртност не сме гледале. Здравствениот систем мислам дека се помалку нуди услуги кога станува збор за здравјето за жената, за репродуктивното здравје, за менталното здравје, рече Каранфилова Пановска, додавајќи дека и во културата нема сенс и разбирање за родовите прашања, за прогресивните идеи и политики.

За семејното насилство, за огромниот процент од над 80 проценти, жени, жртви на насилство, за фемицидите, кои се случуваат секојдневно, мораме да го креваме гласот, како и во купишта други сектори и области, истакна заменик претседателката на СДСМ Фани Каранфилова Пановска, на денешната трибина на тема „СДСМ со силно женско лидерство“.

 

Next Post

ДУИ: Систематско исклучување и маргинализација на Албанците од клучните структури на Армијата

НАЈНОВО

ДИК го усвои регистерот на радиодифузери, печатени медиуми, електронски медиуми, интернет портали за локалните избори 2025 година

August 22, 2025

Шокантно откритие во Италија: Фејсбук група споделувала интимни фотографии од жени без нивна согласност

August 22, 2025
Photo by Ulleo on Pixabay

Албанија, со 99,3 проценти производство на обновлива енергија, e европски шампион

August 22, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Јане Ѓорѓиоски.

    Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Град Скопје јавна дискусија за генералните урбанистички планови за општините Чаир и Бутел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанија, со 99,3 проценти производство на обновлива енергија, e европски шампион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дебата за Принципот на Бадентер: Филков контра Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова потсетува: Без Левица, Трајко Славески немаше да биде претседател на Советот на Град Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk