ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

ЦИК на Косово: Поради технички проблеми, продолжуваме со рачно пребројување на гласовите, прелиминарни резултати во текот на денов

February 10, 2025 08:34
in ДЕНЕС, РЕГИОН

Податоците за изборите во Косово ќе се собираат рачно бидејќи не функционира платформата за обработка и презентирање на податоците објави ноќеска претседателот на Централната изборна комисија Крешник Радоњиќи. Поради тоа, прелиминарните резултати од изборите за собранието во Приштина ќе бидат објавени во текот на дсенов наместо до утрово.

Тој на синоќешна прес-конференција рече дека платформата не работи поради технички проблеми.

„Не знаеме што се случило, ниту компанијата што го одржува, ниту експертите. Системот е блокиран во некои податоци“, рече Радоњиќи.

Тој додаде дека гласовите се „безбедни“.

Специјалното обвинителство нареди истрага за проблемите и можно мешање во работата на веб-страницата на Централната изборна комисија, јавија косовски медиуми.

Извори од истрагата за дел од медиумите во Пришптина изјавија дека е откриен напад чија цел е да се предизвика забуна и да се манипулира со резултатите.

Веб-страницата на ЦИК не работи повеќе од еден час откако во Пеќ и Подуево во голем број почнаа да се појавуваат сомнителни резултати.

Претседателот на ЦИК, Крешник Радониќи, рече дека таа институција подолго време подготвувала и тестирала апликација за следење и објавување прелиминарни резултати, но бидејќи таа не функционирала, не можеле да ги пренесат податоците преку електронската платформа.

Излезните анкети во Косово покажуваат победа на Партијата „Самоопределување“ на Албин Курти со 39 до 40 отсто од гласовите, но според аналитичарите на изборниот процес, тоа не е доволно за независно формирање влада на Косово.
Српскиот претседател Александар Вучиќ објави дека Српска листа ги добила сите 10 мандати наменети за Србите во Парламентот на Косово  и му честитал на српскиот народ во Косово.

Tags: избориКосово
Next Post

Трам рече дека е посветен на неговиот предлог САД да ја купат и поседуваат Газа, ќе воведува и царини од 25 отсто за увоз на челик и алуминиум во САД

НАЈНОВО

Фестивалот „Преку езерото“ во Дојран отворен со врачување на наградата „Мето Јовановски“ на актерот Лазар Ристовски

August 10, 2025
Фото: МАИ

Претставата „Ноќта кога ја убив месечината“ изведена на Големо Езеро на Пелистер

August 10, 2025

СДСМ: Началникот без наредба за приведување ја малтретирал директорката од Демир Хисар, бараме итна кривична постапка

August 10, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Окупација во 45 слики

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Скандал во Демир Хисар – Адвокатот Стеваноски: Еве како се менува доректорка на средно училиште пред распишување на избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Инцидент за време на протестот во Кочани: Возило им го пресекло патот на родителите на загинатите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почина новинарката Јулијана Тануровска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Локални избори – шанса за поправен испит за нашата зрелост како нација и држава

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk