ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Мицкоски како една од мерките на Владата најави – маркетите јавно на своите веб страници да ги објавуваат цените на производите

February 11, 2025 12:55
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА

Се разгледуваат неколку мерки за да се намалат цените на производите, но одлуката ќе се донесе по брифингот и анализата на Државниот пазарен инспекторат на денешната Владина седница, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, кој одговараше на новинарски прашање за тоа кои мерки ќе се донесат за да се намалат цените на производите. Тој информира дека една од мерките која тој лично ќе ја предложи е ланците на супер маркети на своите веб страници да ги објавуваат цените на производите.

-Навистина не би сакал да шпекулирам, но еве една којашто би сакам да ја кажам и да ја предложам на Влада е да сите ланци на супер маркети, хипер маркети да имаат јавна веб страна, транспарентна на којашто ќе ги објават сите цени, на сите производи коишто ги имаат во своите маркети,за да можат граѓаните да видат јасно колкави се цените, и тие самите да одлучуваат, како што имаат некои земји во светот и да ги следиме ние тие трендови и да правиме некаков хистограм на движење на тие цени, изјави Мицкоски.

Прашан зошто реагира за методологијата за минималната потрошувачка кошничка, премиерот Мицкоски одговори дека потрошувачката кошничка за првпат е воведена во 2010 година, кога Владата  ја предводеше ВМРО-ДПМНЕ.

-Така што јас не би го поделил периодот кога сме биле ние на власт или опозиција и не би сакал на тоа ниво да го сведеме разговорот, а што се однесува за промената на новата методологија од декември 2023 година ние не сме ја имале на увид, откако ја добивме на увид разговаравме најпрвин со синдикатите. Ние не излеговме во јавност од сето тоа да правиме естрада со сето тоа. Разговаравме со синдикатите и кога ќе забележите внатре кои производи се вклучени, тогаш навистина се збунувате. Збунувачки делува, бидејќи дел од производите граѓаните не ги користат или не ги користат во тој обем, рече Мицкоски.

Тој посочи дека не знаае колкава ќе биде реалната потрошувачка кошница.

– Можеби ќе биде поголема, односно цените ќе бидат повисоки, нема да бидат пониски. Но, навистина да создадеме таква потрошувачка кошничка, минимална зборам, којашто навистина ја користат граѓаните, бидејќи оваа мислам дека не е минимална потрошувачка кошничка, додаде Мицкоски.

Tags: маркетиМицкоскицени
Next Post

Премиера на краткиот филм „За Ева“ во кино „Фросина“ во МКЦ

НАЈНОВО

Фото: МИА

Експлозија на неидентификуван објект во близина на границата на Полска со Украина

August 20, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

САД нема да испратат војници во Украина, но можна е воздушна поддршка, вели Трамп

August 20, 2025

САД го прошируваат списокот на производи од челик и алуминиум со високи царини, автоиндустријата реагира

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk