Пишува: АЦО ЛУКАРОСКИ
Со воведувањето на ‘специјални царини’ од 25% за Канада, Доналд Трамп ГИ РАЗОЧАРА Канаѓаните, а со најавите дека со економски уцени ќе ја направи Канада 51-ва американска држава ГИ РАЗГНЕВИ Канаѓаните.
Што се случува сега во Канада како резултат на Трамповите бесмислени ‘идеи’?
1. На сите спортски натпревари (NBA, NHL etc.) коишто се одржуваат во Канада, кога гостуваат американски тимови, публиката со свирежи ја „поздравува“ американската химна.
2. Во канадските печатени магазини и особено на социјалните мрежи масовно се објавуваат и споделуваат списоци со американски компании коишто треба да се бојкотираат. Како резултат на тоа, на пример, Канаѓаните полнат гориво на пумпи од канадски компании, а на бензиските пумпи од американски компании многу ретко се гледаат возила.
3. На бројни анкети по улиците во Торонто и другите големи канадски градови, граѓаните речиси без исклучок велат дека нема веќе да патуваат во САД.
Канада и САД беа најголеми пријатели, а на Трамп ‘МУ УСПЕА’ да го уништи тоа пријателство.
Информациите коишто стигнуваат и од други држави се во истата насока… Гнев се наталожи и кај Мексиканците, Колумбијците, Панамците итн.
И за крај уште една работа сакам да ја истакнам.
Политиките на Трамп ги обедини Канаѓаните како ништо друго во минатото.
Власта и опозицијата се НА ИСТА СТРАНА.