ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МАГАЗИН

Кафуле во Париз нуди можност да пратите писмо до себеси во иднина

February 11, 2025 10:41
in ДЕНЕС, МАГАЗИН
Share on FacebookShare on Twitter

Кафуле во Париз, покрај вообичаеното кафе и кроасан, ќе Ви понуди и можност да си испратите писмо и разгледница до себеси во иднина. И, сѐ тоа – за доста пристапни цени.

Пишувањето писмо до своето идно, поискусно јас, се вели, може да се искористи како алатка за самопреиспитување и личен раст. А, откако ќе го напишете писмото, може да го добиете и само за една, но и за пет или 20 години. Така, „гостите имаат прилика да си ги отворат своите срца и да ги споделат мислите“ со себеси, појаснуваат од „Кафе Пли“ – првото вакво кафуле во Франција.

Идејата и концептот, основачот Женевјев Ландсман, всушност, ги открил за време на патување во Јужна Кореја, па решил да ги пренесе во француската престолнина.

Исто така, доколку сакате, наместо себе – да испратите писмо до саканата, или друга личност – и тоа е можно.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Angelo Coassin (@cookingwithbello)

Кафулето брзо стана светски познато, а неговата популарност дополнително ја зголеми објавата на американската „инфлуенсерка“ Мелиса Амала, чие видео собра повеќе од половина милион прегледи.

Како функционира овој концепт во ова уникатно кафуле? Гостинот, на пр. има и разни пенкала, налепници и картички со инспиративни прашања достапни за да му го олеснат пишувањето. Кога ќе го напишете писмото, тоа се става во плико, cе запечатува со восок и се става во една од кутиите во кафулето. Ако сакате да го добиете писмото во рок од една година, може да го изберете и точниот датум на пристигање. Меѓутоа, ако одлучите да чекате подолго – пет или 20 години, писмото ќе го добиете на почетокот на таа година.

Дали писмото ќе се изгуби? Вработените во кафулето тврдат дека писмата се чуваат на безбедно место и се организирани според датумот на испраќање.

При можна промена на адресата, „Кафе Пли“ нуди и ажурирање на личните податоци преку нивната интернет-страница.

Цените, инаку, зависат од времето на испорака и дестинацијата: Писмо коешто треба да стигне во рок од една година чини 15 евра; Ако треба да го добиете за пет години – 25 евра; За 20 години, цената е 45 евра. Доколку испраќате писмо вон Франција, ќе доплатите четири евра.

Tags: КафулепаризПисмо
Next Post

Според Индексот на перцепција на корупцијата Македонија на 88 позиција заедно со Казахстан, Суринам и Виетнам

Shortcut

Најново

ОКТА не беше дел од истрагата за „Мазут“, намерно или случајно?

June 16, 2026

Мицкоски: Претходната Влада потпиша капитулација со прифаќање на бугарските барања, ние нема да попуштиме на уцени

June 16, 2026

СДСМ до Обвинителството: Уште колку докази за криминални тендери се потребни за да започнете истрага?

June 16, 2026

(ВИДЕО) Уапсен скопјанец за опожарување на две возила на амбасадата на Бугарија

June 16, 2026

СДСМ: Откриена бизнис-шема со омилени изведувачи и фирми за надзор

June 15, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Екс директорката на Филхармонија, Тина Иванова, ја доби на суд екс министерката за култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Силјан“ на Тамара Котевска ја освои FIPRESCI наградата на Krakow Film Festival во Полска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Оставката на Груевска-Маџоска е доказ за распадот на културната политика на Љутков

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk