ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Калајџиев и Алиу: Тешко може да се надеваме дека власта сака независен државен обвинител, потребни се длабоки реформи

February 12, 2025 12:51
in ZOOM IN, АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ПРАВДА

Владата донесе одлука да поведе постапка за разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски. Правните експерти велат дека ваквата постапка на власта била очекувана, но додаваат дека не веруваат дека власта сака да избере независен обвинител.

Гордан Калајџиев

– Очекувано беше државниот Јавен обвинител да го сменат (што веќе стана практика на секоја нова власт). Како досега течат работите, тешко може да се надеваме дека власта сака независен обвинител, изјави за Фронтлајн, Гордан Калајџиев – професор по кривично право.

На прашањето зошто владата не сака независен главен обвинител, тој вели: „ Затоа што партиите во Македонија се корумпирани и немаат елементарна почит кон правната држава“.

Правникот Ќенан Алиу вели дека имиџот и правдата на државата ќе се подобрат само со длабока реформа.

Ќенан Алиу

– Владата предлага Јавен обвинител на Република Македонија со претходно мислење на Советот на јавни обвинители. Во меѓувреме, Собранието го избира. Нешто не функционира во правосудниот систем, тоа е познато прашање, но сликата за државата и правдата ќе се подобри само со длабока реформа. Секое парламентарно мнозинство досега постапуваше на ист начин, но правдата не функционираше како што треба, изјави Алиу за Фронтлајн.

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина Изет Меџити во врска со одлуката на Владата да почне постапка за разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски вели дека таа е резултат на континуираните правни прекршувања на Коцевски.

– Прво, оваа постапка е во согласност со духот на меѓународниот фактор и стратешките партнери, со цел да се интервенира таму каде што има прекршувања. Второ, довербата на граѓаните во судскиот систем е на најниско ниво од 90-тите години и речиси повеќе не постои. Трето, јавниот обвинител Коцевски продолжи со континуирани правни прекршувања, создавајќи ситуација што ја направи неизбежна одлуката за негово разрешување – истакна Меџити.

Новиот јавен обвинител, според Меџити, треба да биде професионалец кој ќе придонесе за враќање на довербата на граѓаните во владеењето на правото.

Владата го задолжи министерството за правда да покрене активности за отпочнување на постапка за разрешување на државниот обвинител Љупчо Коцевски.

– Се отвори расправата за последниот индекс на транспарентност, од каде детално можеше да се види дека конкретно четири точки се однесуваат на состојбите коишто се случиле во Обвинителството и судството. Дополнително последното именување за в.н. Шеф на Вишо јавно обвинителство во Скопје е одлука која е незаконска, изјави Марија Митева портпаролка на Влада на РСМ.

Републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски преку писмено соопштение посочи дека Владата ги нема на располагање сите релевантни и точни информации.

Фото: МИА

„Од она што имав прилика да го прочитам по медиумите, причина за одлуката на Владата била тоа што изборот на раководител на Вишото јавно обвинителство Скопје бил наводно незаконски. Верувам дека Владата ги немала на располагање сите релевантни и точни информации и заради избегнување на недоразбирања, сакам да го појаснам следното: Распоредот за работа на Вишото јавно обвинителство Скопје, донесен од обвинителот Хајрулахи, кој во моментов е суспендиран, беше со важност до 31.12.2024 година. Согласно тој распоред лицата определени за негови заменици го имаа статусот на заменик до истекот на распоредот на 31.12.2024 година. Распоредот за работа на Вишото јавно обвинителство Скопје за 2025 година е донесен од обвинителот Цветановски во јануари 2025, во момент кога истиот немал својство ниту на заменик, ниту на шеф на Вишото јавно обвинителство Скопје, што значи дека ваквиот распоред не е донесен согласно закон и не може да произведува правно дејство. Со потврдување на одлуката за суспензија и на обвинителот Цветановски, се јави потреба да се определи јавен обвинител кој времено ќе раководи со Вишото јавно обвинителство Скопје. Не се работи за назначување на вршител на должноста виш јавен обвинител туку за определување на времен раководител на вишото јавно обвинителство Скопје. Според тоа ве верувам дека моето постапување во овој случај, како и во целокупното мое работење е согласно закон“, соопшти Љупчо Коцевски – Републички јавен обвинител.

Коцевски, со 62 гласа „за“ и ниту еден „против“ и „воздржан“ беше избран во законодавниот дом пред една година на предлог на претходната владина коалиција СДСМ и ДУИ. Предлогот за обвинителот Љупчо Коцевски беше доставен од Владата, а тој беше единствениот кој доби позитивно мислење од Советот на јавни обвинители, покрај обвинителките Фатиме Фетаи и Лидија Раичевиќ.

Дестан Јонузи

Tags: Гордан КалајџиевЈавно обвинителствоЌенан Алиу
Next Post

Доживотна казна затвор за Фадил Зејнелов за убиството на Емилија Пешева

НАЈНОВО

Гутереш: Гладот во Појасот Газа е резултат на намерни постапки на Израел

August 28, 2025

Репортери без граници: Насилството врз новинарите во Србија достигна тажен рекорд, регистрирани се 34 напади за помалку од два месец

August 28, 2025

Се интервенира на четири пожари на планинските подрачја на Општина Желино, градоначалникот се сомнева дека се подметнати

August 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Вереничкот прстен од Тејлор Свифт. Фото: Инстаграм Тејлор Свифт

    Колку „тежи“ венчалниот прстен што го доби Тејлор Свифт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сопругата на Брус Вилис открива зошто донела тешка одлука да го пресели сопругот во друга куќа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спречен обид за криумчарење на поголема количина препарати за заштита на растенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Џејмс Веб“ за прв пат ја сними кометата 3I/ATLAS – неочекувани резултати за нејзиниот состав

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Медведев парично казнет за инцидентот на УС Опен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk