Полицијата ноќеска 20 минути по полноќ часот на подрачјето на Карпош во Скопје со судска наредба извршиле претрес во дом и други простории на И.Ј.(26) и Ф.Ј. (24) од Скопје. Во домот бил затекнат Ф.Ј.(24), а при претресот, под седиштето на мотоцикл, кој бил во подрумот, биле пронајдени и одземени околу еден килограм марихуана и дигитална вага.
Како што информираат од МВР, Ф.Ј. е лишен од слобода и задржан за понатамошна постапка, а се преземаат мерки за пронаоѓање на И.Ј.. Известен е јавен обвинител и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.