ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

АХВ изрече казни од 82 илјади евра за големите ланци на маркети

February 13, 2025 13:37
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) неделава, од 10-ти до 12 февруари, спроведоа 124 вонредни контроли кај големите маркети низ земјава кои имаат ланци на супермаркети, дисконти и хипер маркети. Притоа се донесени 47 решенија за утврдени недоследности и изречени се 29 парични казни во вкупна вредност од 82 илјади евра. Нештетно се уништени и 22,3 тони небезбедна храна, од кои најголем дел месо.

Кај 15 оператори се утврдени незадоволителни хигиенски и технички услови во објектот, кај 12 е најдена храна со поминат рок на употреба, а кај 5 храна без следливост, со оштетена амбалажа, недекларирана.

Тројца од контролираните оператори не извршиле задолжителни здравствени прегледи за вработените, 10 не воделе записи за HACCP, Дора хигиенска и Добра производствена пракса. Кај 4 оператори се најдени несоодветно означени производи, а еден објект не бил регистриран.

-Целта на контролите беше проверка дали операторите се регистрирани во АХВ за сите дејности и активности во секој од објектите, дали и колку се исполнети општите и посебните хигиенски услови за храна, со акцент на спроведување на контроли во деликатес одделите и месарниците, како и во месарниците кои изработуваат свежи подготовки од месо. Покрај ова се контролираше и исполнетоста на процедурите за чистење и дезинфекција на опремата, приборот за работа и спречување на вкрстена контаминација, снабдувањето со безбедна вода, поседувањето на санитарни книшки и сертификати за стручна подготовка на вработените лица кај операторите, чувањето и складирањето на храната, нејзиното потекло, следливоста (проверка на комерцијалните документи), како и почитувањето на температурниот режим за храната од нејзиниот прием до ладилник.

Според АХВ, контролирани беа и водењето записи за НАССР, Добрата производствена и Добрата хигиенска пракса, означувањето на храната, плановите за сопствено мострирање на операторите, спроведувањето на операциите за пакување/препакување, дезинфекција, контрола на штетници, а со вонредните контроли опфатени беа и магацините на операторите.

Tags: АХВказнимаркети
Next Post

Антивладините протести во Белгија го запреа воздушниот сообраќај

EVN

НАЈНОВО

Скриншот

ЕУ објави изјава за Венецуела потпишана од 26 од 27 земји-членки

January 4, 2026

Мицкоски за Венецуела: Апсолутно стоиме до потезите на САД

January 4, 2026
Фото: Влада РСМ

Мицкоски вели задоволни биле и тутунарите и откупувачите, тутунот се откупувал по највисока цена досега

January 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Илустрација Фронтлајн, генерирано со ВИ

    Кој хороскопски знак победува во јануари – и зошто

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Голем годишен хороскоп 2026 со Анаис

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пронајдени буриња со оружје и експлозив при ископ кај Гостивар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од загриженост до поддршка: Првични реакции на европските и светските лидери на апсењето на Мадуро и улогата на САД во Венецуела

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вештачка интелигенција откри два нови биолошки типа на мултиплекс склероза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk