ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home TECH FRONT ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА

Вештачка интелигенција откри два нови биолошки типа на мултиплекс склероза

January 2, 2026 11:45
in ZOOM IN, ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА, ДЕНЕС, ЗДРАВ ЖИВОТ
Мултиплекс склероза: AI откри два нови биолошки типа

Илустрација Фронтлајн, генерирано со ВИ

Share on FacebookShare on Twitter

Научници со помош на вештачка интелигенција открија два нови биолошки подтипа на мултиплекс склероза (МС), откритие што би можело радикално да го промени начинот на лекување и следење на болеста ширум светот.

Милиони луѓе глобално живеат со мултиплекс склероза, но третманите најчесто се избираат врз основа на симптомите, а не според биолошките процеси што ја предизвикуваат болеста кај поединецот. Поради тоа, терапијата кај дел од пациентите не е доволно ефикасна.

Сега, истражувачи од University College London (UCL) и Queen Square Analytics идентификуваа два јасно различни биолошки модели на МС, користејќи вештачка интелигенција, едноставен крвен тест и MRI снимки. Експертите оценуваат дека ова откритие може да означи пресвртница во персонализираниот пристап кон лекувањето на болеста, пренесува Гардијан.

Две биолошки патеки на болеста

Во студија што опфатила 600 пациенти, научниците ги анализирале нивоата на специфичен протеин во крвта – серумски неурофиламент лесен ланец (sNfL), кој служи како индикатор за оштетување на нервните клетки и активноста на болеста.

Податоците од крвните анализи и MRI снимките биле обработени со машински модел наречен SuStaIn, а резултатите, објавени во медицинското списание Brain, откриле два нови подтипа на мултиплекс склероза: „ран sNfL“ и „доцен sNfL“.

Кај првиот подтип, пациентите имаат високи нивоа на sNfL уште во раната фаза на болеста, со видливо оштетување на мозочна структура наречена corpus callosum, како и брзо појавување на мозочни лезии. Овој тип се смета за поагресивен и поактивен.

Кај вториот подтип, намалувањето на мозочната маса во региони како лимбичкиот кортекс и длабоката сива материја се јавува пред порастот на sNfL. Оваа форма напредува побавно, а сериозните оштетувања се појавуваат подоцна.

Кон персонализирана терапија

Истражувачите сметаат дека ова откритие ќе им овозможи на лекарите попрецизно да проценат кои пациенти се изложени на поголем ризик и да понудат терапија прилагодена на биолошкиот профил на болеста.

Водечкиот автор на студијата, д-р Арман Ешаги од UCL, вели дека досегашните класификации на МС не го одразуваат она што реално се случува во мозочното ткиво.

„Мултиплекс склероза не е една болест. Со користење на вештачка интелигенција, достапен крвен маркер и MRI, за првпат покажавме две јасни биолошки шеми на болеста. Ова ќе им помогне на клиничарите да разберат каде се наоѓа пациентот на патеката на болеста и кому му е потребен поран и поагресивен третман“, истакнува Ешаги.

Во иднина, пациентите кај кои AI ќе идентификува „ран sNfL“ би можеле да добијат поефикасни терапии уште во раната фаза, додека кај „доцен sNfL“ би се применувале таргетирани третмани за заштита на нервните клетки.

Поддршка од пациентските организации

Од MS Society, водечка организација за поддршка на лицата со мултиплекс склероза, истражувањето го оценија како „возбудлив чекор напред“.

„МС е исклучително комплексна болест. Денешните класификации се базираат на симптоми, а не на биологијата на болеста. Ова истражување покажува дека треба да се движиме кон дефиниции што го одразуваат она што навистина се случува во телото“, изјави Кејтлин Астбери од организацијата.

Таа додава дека иако постојат околу 20 терапии за релапсна форма на МС, за многу пациенти – особено со прогресивна форма – опциите се ограничени. „Колку повеќе ја разбираме болеста, толку сме поблиску до терапии што можат да го запрат нејзиното напредување“.

Редакција Фронтлајн

Tags: AIвештачка интелигенцијамултиплекс склероза
Next Post
Илустрација Фронтлајн, генерирано со ВИ

Девет научно потврдени начини за да се чувствувате подобро во 2026 година

Shortcut

Најново

Фото: Влада

„Талогот“ на Мицкоски за 8 Септември: СДСМ гледа фашистичка реторика на Ванчо Михајлов, ВМРО-ДПМНЕ дијагностицира „фројдовски синдром“

September 9, 2026
College students studying and making reports There are touch computers and books in the library for researching.

ПИСА 2025: Три од четири ученици во Северна Македонија под основното ниво во читање

September 9, 2026

Ексдиректорот на Државна лотарија, Перпарим Бајрами, ѝ се предаде на полицијата

September 9, 2026

Лајкови: Груевски со повеќе од седум пати повеќе реакции од Мицкоски за честитката за независност

September 8, 2026

Првите сто години се најтешки, за потоа – ќе видиме

September 8, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лајкови: Груевски со повеќе од седум пати повеќе реакции од Мицкоски за честитката за независност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Смртоносни руски напади во Краматорск и Запорижја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk