Американскиот глумец Кевин Спејси се соочува со уште една тужба за сексуален напад. Имено, во Велика Британија, денеска против него е поднесена граѓанска тужба пред Високиот суд во Лондон, нешто повеќе од 18 месеци откако беше ослободен од сите обвиненија во претходното кривично судење.
Според судските документи, предмет се води и против лондонскиот театар „Олд Вик“, каде што Спејси работи како уметнички директор од 2003 година, но подобности за тужбата не се достапни.
Обвинителската адвокатска канцеларија потврди дека тужбата е поднесена.