ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Руте: За да останеме безбедни треба да трошиме повеќе за одбраната

February 13, 2025 12:28
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

За да останеме безбедни и да спречиме војна, треба да трошиме многу повеќе за одбраната, особено во Европа и Канада, порача денеска генералниот секретар на НАТО, Марк Руте во воведното обраќање на заседанието на Северноатлантскиот совет во Брисел на кое учествува и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

– Сите сојузници ги зголемија одбранбените инвестиции во последниве години и европските сојузници сега носат многу поголем дел од товарот отколку порано. Во последните 10 години, европските сојузници и Канада издвоија дополнителни над 700 милијарди американски долари за одбраната, рече Руте.

Тој потенцира дека лани земјите членки на НАТО од Европа и Канада инвестирале речиси 500 милијарди долари во одбраната, што е 20 отсто повеќе во споредба со 2023 година.

– Но, сепак, тоа е далеку од доволно. Треба да направиме многу, многу повеќе. Дека можеме да го направиме тоа, доказ е она што го направивме во 2023 и во 2024 година, истакна Руте.

Според него, покрај зголемените издвојувања приоритет мора да биде и растот на производството за потребите на одбраната и зајакнувањето на одбранбената индустрија ширум Алијансата.

– Ги имаме најдобрите индустрии во светот, САД, цела Европа, вклучително и Турција со гордата турска индустриска база, но мораме да произведуваме повеќе, побрзо и заедно, за да ги надминеме нашите конкуренти Русија, Кина и останатите, додаде генералниот секретар на НАТО.

Руте нагласи дека министрите мора да разговараат и за начините за реакција на руските кампањи за дестабилизација на западните земји, вклучително и за активностите на нејзината „флота во сенка“

– Знаете дека „флотата во сенка“ е голем извор на приходи за Русија. Проектот „Балтик Сентри“ е добар пример за тоа како можеме подобро да одвраќаме, потенцира Руте.

Тој најави дека оваа министерска средба воедно ќе го означи и почетокот на подготовките за следниот Самит на НАТО, што ќе се одржи во јуни во Хаг.

– Ќе се фокусираме на некои клучни приоритети за нашиот Самит во Хаг, кој е само за четири месеци од сега. Значи, наскоро е, додаде Руте.

По завршувањето на Северноатлантскиот совет, попладнево ќе се одржи работен ручек во форма на неформално заседание на Советот НАТО-Украина, на кое ќе учествуваат и украински министер за одбрана Рустем Умеров и високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и одбранбена политика Каја Калас.

– Ќе разговараме за тоа што можеме да направиме повеќе за да ја поддржиме Украина, додаде Руте.

Утрово при пристигнувањето на министерската средба, Руте порача дека НАТО мора да се погрижи Украина да биде во најдобра можна позиција за да склучи мировен договор што ќе трае и да му се стави до знаење на рускиот претседател Владимир Путин дека никогаш повеќе нема да може да се обиде да заземе делови од Украина.

– Прашање број еден е да се обезбеди Украина да биде во силна позиција кога ќе започнат разговорите и Путин да знае дека мора да седне на масата и за него да биде клучно да се постигне договор за Украина, додаде Руте.

Според него, не смее да се дозволи да се повтори случајот со Договорот од Минск од 2014 година, кога се мислеше дека е постигнат траен мир, но Путин потоа продолжи со обидите „да грабне делови од Украина“.

– Никогаш, никогаш повеќе не можеме да го дозволиме тоа. Значи, јас сум апсолутно за мир. Јас сум за мировни преговори, апсолутно. Но, во исто време, мораме да се погрижиме она што ќе излезе од тие разговори да биде трајно и дека Украина е безбедна, порача Руте.

Tags: одрбанаРуте
Next Post

Предлог-законските измени за стаж на судиите и обвинителите до 67 години поминаа на собраниската Комисија за економски прашања

EVN

НАЈНОВО

Како контроверзна тинејџ секс сцена од „Good Time“ ги раздели режисерите браќата Сафди

January 27, 2026

Сидни Свини се искачила на холивудскиот знак во ЛА и закачила градници

January 27, 2026
Фото: Скриншот, видео Јутјуб

(ВИДЕО) Тејана Тејлор ја одбележа „Париската модна недела“: Провидна чипка и бисерна круна на ревијата на Скијапарели

January 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • kristen stewart

    Кристен Стјуарт најави заминување од САД поради политиките на Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 26 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МВР објави кои сообраќајни прекршоци ќе се санкционираат со „Безбеден град“ и колкави се глобите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Обама по убиството во Минесота од агентите на ICE: Ова мора да престане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Малите трговци предупредуваат: Новиот закон за пушење може да затвори над 4.000 мали бизниси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk