Европскиот вселенски телескоп Евклид откри редок ореол на силна светлина околу блиска галаксија, објавија астрономите во понеделникот, пренесува АП.
Ореолот, познат како „Ајнштајнов прстен“, ја опкружува галаксијата оддалечена 590 милиони светлосни години, која според космичките стандарди се смета за блиска. Светлосна година е 5,8 трилиони милји.
Астрономите знаат за оваа галаксија повеќе од еден век и затоа беа изненадени кога Евклид го откри светлиот блескав прстен, е објавено во списанието Astronomy and Astrophysics.
„Ајнштајновиот прстен“ е светлина од многу подалечна галаксија која се наведнува на таков начин што совршено го заокружува поблискиот објект, во овој случај добро позната галаксија во соѕвездието Драко. Далечната галаксија што го создава прстенот е оддалечена повеќе од 4 милијарди светлосни години.
Гравитацијата ја искривува светлината од оваа подалечна галаксија. Процесот е познат како гравитациона леќа.
„Сите силни леќи се посебни, бидејќи се толку ретки и се неверојатно корисни научно. Овој е особено посебен, бидејќи е толку блиску до Земјата и порамнувањето го прави многу убав“, рече во изјавата водечкиот автор Конор О’Риордан од германскиот институт за астрофизика Макс Планк.
Евклид е лансиран од Флорида во 2023 година. НАСА учествува во оваа мисија за откривање на темната енергија и темната материја во универзумот.
Подготви: Ј. Ѓ.