ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Директорот на РЕК Битола осомничен за незаконски избор на јавна набавка, ОЈО Битола поведе постапка против повеќе лица

February 14, 2025 15:27
in ДЕНЕС, ПРАВДА

Основното јавно обвинителство Битола, по пријава од Управата за финансиска полиција, започна постапка против седум лица за злоупотреба на службена положба и овластување, како и против три лица за несовесно работење во службата. Постапката е проширена и за едно правно лице и неговиот управител, кои не биле опфатени во пријавата од УФП. Сомневањата се дека директорот на РЕК Битола, заедно со други осомничени, незаконски избрал поскапа понуда за јавна набавка, што резултирало со значителна штета за државниот буџет.

-Сомненијата се дека првоосомничениот директор на РЕК Битола во постапката за јавна набавка за ископ на инвестициска откривка во Брод Гнеотино, ја искористил службената положба и овластувања и на 19.08.2022 година донел Одлука за избор на најповолна понуда, со која противправно ја отфрлил понудата на едно правно лице, иако таа била најниска. Спротивно на член 112 став 1 од Законот за јавни набавки противправно за најповолна понуда ја избрал поскапата понуда на осомниченото правно лице со кое склучил Договор и рамковна спогодба за ископ на инвестициска откривка во Рудник Брод Гнеотино и Анекс 1 кон Основниот Договор на износ од 849.600.000 денари, стои во соопшението од ОЈО.

Дополнуваат дека вториот, третиот и четвртиот осомничен ја искористиле службената положба и овластување како членови на стручна комисија за евалуација на техничката и професионалната способност на пристигнатите понуди на јавната набавка.

-При оценка на пристигнатите понуди тие ја ограничиле конкуренцијата и му овозможиле на првопријавениот да донесе незаконска одлука за избор на најдобар понудувач, велат од ЈО.

Петто, шесто и седмопријавениот биле претседател и членови на Комисијата за спроведување на постапката за јавна набавка кои противправно ја оцениле како неприфатлива понудата која била поевтина.

Осомничени се и три лица од Бирото за јавни набавки кои постапиле несовесно вршејќи управна контрола на постапката и констатирале дека таа е законски спроведена.

– Со реализација на Договорот за ископ на инвестициска откривка во Рудникот Брод Гнеотино, пријавените овозможиле осомниченото правното лице да оствари противправна имотна корист, со што на Буџетот на РСМ направена е штета во висина од 178.370.320 денари. За управителот на правното лице поведена е постапка за поттикнување на злоупотребата, стои во соопштението од ОЈО.

Оттаму велат дека имајќи го предвид наведеното, а особено имајќи предвид дека се работи за наводи за значителна имотна штета на Буџетот и сомнение за кривично дело за кое е запретена казна затвор од 1 до 5 години, основано е да се стравува дека осомничените лица без определување на мерки за претпазливост ќе имаат мотив да ја напуштат државата и да избегнат кривична одговорност за преземените дејствија.

-Затоа јавниот обвинител од судијата на претходна постапка побара да определи мерки на претпазливост – одземање на патна исправа и задолжително јавување кај надлежен орган. Мерките се предложени за седум лица, бидејќи за првоосомничениот веќе е на сила мерка притвор определена во друг предмет, посочуваат од ОЈО.

Исто така, со цел обезбедување на имотната корист од незаконските дејствија, јавниот обвинител предложил привремени мерки за обезбедување – замрзнување на пари во износ од 178.370.320 денари на банкарска сметка, како и движен имот од правното лице и управителот, односно 12 возила за кои има сомнение дека биле набавени со нелегално стекнатата имотна корист.

Tags: основно јавно обвинителствоРЕК Битола
Next Post
Скриншот

Ванс од Минхен: Слободата во Европа е загрозена, имиграцијата е главен предизвик

НАЈНОВО

ОЈО: Бомби и муниција пронајдени во дом во Идризово, поведена истрага

September 3, 2025

„Виз Ер“ воведува летови до Скопје од Будимпешта и Наполи, а до Охрид од Катовице, Вроцлав и Милано

September 3, 2025

Kалас: Автократскиот сојуз бара скратен пат до нов светски поредок

September 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Министерот за правда, Игор Филков (фото извор: Wikipedia)

    Магистерскиот труд на Филков отвора дилеми за судир на интереси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Виз Ер“ воведува летови до Скопје од Будимпешта и Наполи, а до Охрид од Катовице, Вроцлав и Милано

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сиљановска Давкова смета дека нема потреба од декларација за црвените линии на државата за евроинтеграциите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Орце Ѓорѓиевски манипулира или е целосно некомпетентен па ветува парк во Вардариште

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кина претстави нова нуклеарна тријада и хиперсонични ракети на воена парада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk