ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО

Отворен реновиран педијатриски пункт на поликлиниката Бит Пазар за полесно болни деца до 14 години

February 14, 2025 12:03
in ДЕНЕС, ЗДРАВСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Полесните случаи на болни деца од Клиниката за педијатрија ќе се лекуваат во поликлиниката Бит Пазар каде е отворен нов, целосно реновиран специјалистички педијатриски пункт. Пунктот ќе работи секој ден од 19.30 – 7.30 и во недела 24 часа, а располага со нов медицински мебел и инвентар, како и со сите потребни медицински средства за преглед, анализи и третман на деца до 14 години.

Вкупно 11 педијатри кои работат во Здравствениот дом – Скопје ќе даваат здравствени услуги во пунктот на Бит Пазар. Во тимот, покрај педијатар, ќе има и медицинска сестра и лаборант.

-За јакнење на дежурните служби на поликлиниката Бит Пазар ќе се отвори нов специјалистички педијатриски пункт што ќе работи секој ден од 19.30 – 7.30 и во недела 24 часа. Ќе се прегледуваат деца под 14 години. Тимот ќе се состои од специјалист педијатар, медицинска сестра и лаборант. Ќе се вршат општ преглед, лабораториски анализи на крв, урина, ЦРП и се останато што е основно за поставување првична дијагноза иќе се дава соодветна терапија. Пунктот е целосно реновиран, опремен е со нов медицински мебел и инвентар, како и со потребните медицински средства, рече директопрот на ЈЗУ Здравствен дом – Скопје Самир Исени кој денеска, заедно со министерот за здравство Арбен таравари беше во посета на поликлиниката Бит Пазар.

Како што истакна Таравари, ако некој случај е покомплициран, веднаш ќе се испраќа на Клиниката за педијатрија.

-Се работи за проблем што беше евидентен. Пред два-три месеца ги повикав директорите на Здравствениот дом и на Клиниката за педијатрија да разговараме. Моравме да изнајдеме решение за големиот дел под децата на Клиниката за педијатрија, тие што се полесни случаи да бидат третирани во Здравствениот дом и веќе денеска тоа го промовираме. Идејата беше за во почетокот на февруари, но не е доцна и сега. Всушност, 11 педијатри кои работат во Здравствениот дом – Скопје ќе даваат здравствени услуги, а пристап ќе имаат сите деца кои се полесни случаи, од 0 до 14 години, на кои им требаат примарно и секундарно здравство. Секој покомплициран случај, веднаш ќе се испраќа на Клиниката за педијатрија, нагласи министерот.

Според него, ќе се направат обиди да се отворат вакви пунктови и на другите скопски поликлиники ако има капацитет и минимум 6 – 7 педијатри подготвени да се договорат меѓусебе да дежураат. Сепак, потенцира, добро е што процесот стартуваше зашто било итно од  некаде да се почне.

Министерот најави и други нови проекти.

-Се надевам за 15 дена ќе промовираме Клиника за инфективни болести, комплетно реновиран спрат и Клиника за урологија, комплетно реновирана. Интензивно работиме и на интензивна, интернистичка нега на Клиниката за токсикологија, но за таму ќе ни треба малку повеќе време, рече Таравари.

Одговорајќи на новинарски прашања, тој потврди дека има жалби за „Ало, докторе“ иако апликацијата функционира.

-Пациентите се јавуват и добиваат одговори, на некои од нив им се јавувам и јас лично. Сепак, имаат жалби. Проверуваме за што се. Се обидуваме да ја одржиме во континуитет комуникацијата со граѓаните за да прифатиме секакви жалби и поплаки, истакна Таравари.

Директорот Исени, пак, рече дека Здравствениот дом кубури со специјалисти, нема доволно невролози, дерматолози, а малку екипи има и за Итна помош.

-Во контакт сме со Министерството за здравство, се планираат неколку вработувања за да им се излезе во пресрет на граѓаните. Имаме недостиг на невролози, дерматолози, а мал е и бројот на сегашните екипи на Итна помош, напомена Исени.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Бит-пазарпедијатриски пункт

НАЈНОВО

Пратеничката Мимоза Муса ја напушти АА на Таравари, останува во ВЛЕН

May 23, 2025

(ВИДЕО) Син го чека својот татко од руско заробеништво – Украина и Русија ја почнаа најголемата размена на затвореници од почетокот на војната

May 23, 2025
Протести Србија. Фото: Скриншот, ТВН1

Протест пред Владата на Србија: Професорите поднесоа барање за распишување избори

May 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Зоран Кардула претстави 120 портрети на познати личности со влашко потекло, Небојша Гелевски го додаде Кардула

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Анкета на „Внимание“: „На која возраст треба да се престане да се излегува по клубови“…

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трајко Славески – ни крив ни должен ќе бидам Гувернер!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е одговорот на прашањето: Колку родови има?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руска фабрика, санкционирана од САД и ЕУ, цел на украински напад со дронови врз Липецката област

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk