ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Богата програма за 75 години на прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“

February 15, 2025 13:45
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Со цела недела претстави и гостувања на театарски ансамбли од земјава, Народниот театар „Војдан Чернодрински“ – Прилеп ќе одбележи 75 години постоење и театарска уметност. Театарот ја почнал својата работа на 18 февруари 1950 година со првата претстава, „Кир Јања“, и до денес го бележи големиот развој на театарската уметност и на продукцијата на врвни театарски претстави и актерски и режисерски имиња во македонската уметност на „штиците што живот значат“.

Програмата за одбележување на јубилејот е обемна и ќе се реализира од 17 до 23 февруари.

-Прилепскиот театар е формиран и работи од и со љубов кон театарската уметност. Седумдесет и пет години е голем јубилеј кој ја заслужува сета почит и спрема уметноста и спрема сите што биле и се дел од ансамблот. Прославата на јубилејот е со обемна програма од 17 па до 23 февруари и со гостувања на ансамблите од земјава. Ќе ја покренеме и дискусијата за театарската уметност, рече Михајло Миленкоски, раководител на Прилепскиот театар, кој од 2004 година функционира во склоп на Центарот за култура „Марко Цепенков“.

Во 75-те години се одиграни над 7000 претстави со преку 360 премиери кои ги виделе 1,7 милион гледачи. Но, ансамблот се соочува со мал број вработени.

-Ансамблот сега, за жал, брои 11 вработени. Се надевам дека наскоро ќе се зголеми бројноста со вработување, пред сѐ, на млади актери и театарски работници. Ние како ансамбл ќе им дадеме шанса на младите актери, рече Миленкоски.

Театарот сѐ уште фунционира во старата, речиси руинирана зграда. Најавите за нов театар сѐ уште се само најави.

-Таа проектна документација е аплицирана во Министерството за транспорт и врски. Проектот е поделен на два дела. Треба да се реновира Центарот за култура „Марко Цепенков“ како и доградба, односно градење на новата зграда за Театарот. За реновирањето на ЦК „Марко Цепенков“ мислам дека е стигната дозволата за градба, а за Театарот имаше технички промени. Тоа е изготвено и во тек е процедурата за дозволата за градба на театарската здрада.  Се надеваме дека таа процедура ќе заврши побрзо и сето друго останува на Министерството за култура и туризам и на Владата, објаснува Миленкоски.

Единствено што се знае е дека изградбата на нов театар е во програмата на Министерството за култура и туризам од 2025 до 2035 година.

Според актерката Даниела Иваноска, големиот јубилеј на театарот е огромен поттик и гордост.

-Радоста е огромна за ваков голем јубилеј. А кога станува збор за нов театар е повеќе од доцна. Ние 75 години славиме театарска уметност, но без театар, рече Иваноска.

Прилепскиот ансамбл има големи остварувања на домашната и на меѓународната сцена. На МТФ „Војдан Чернодрински“ има освоено 15 награди за најдобри претстави, има награди на меѓународна сцена во повеќе настапи, а меѓу најголемите се наградите на „Експонто“ во Љубљана и трите награди, меѓу кои за најдобра претстава во Средна Европа, на меѓународниот театарски фестивал „МЕСС“ во Сараево – со претставата „Тапани во ноќта“.

Најгледани и најодиграни претстави се „Солунски патрдии“ и „Од кол на кол“ од Коле Ангеловски со преку 100 одиграни претстави.

Во програмата за одбележувањето на јубилејот се претставите: „Роња“ на Театар за деца и младинци од Скопје, кој гостува на 17 февруари, и претставата „Хинкеман“ на Театар „Златен Елец“. На 18 февруари е претставата на домашниот театар – „Ученикот“, на 19 февруари гостува  МТЦ „Зона“ со претставата „Чернодрински се враќа дома“, на 20 февруари е „Вечера за глупаци“ на Велешкиот театар, на 21 февруари ќе гостува Народниот театар Битола  театар со претставата „Кокошка“, на 22 февруари публиката ќе ја види „Бура“ на Прилепскиот театар, а на 23 февруари е дебатата на тема „Од „Кир Јања“ до „Ученикот“ во просториите на театарот „Војдан Чернодрински“.

Next Post
Фото: МВР

Тoшковски од Минхен: Безбедноста е темел на стабилна држава, во услови на нови глобални закани

Shortcut

Најново

Дерала во Voxeurop: Кога правосудството станува оружје, цената ја плаќа целата држава

August 16, 2026
Ивана Климпуш-Цинцадзе (фото: ЦИВИЛ)

Ексклузивно интервју на украинската пратеничка Климпуш-Цинцадзе за ЦИВИЛ МЕДИА: Слободата е нашата религија!

August 15, 2026

Создавањето и пресоздавањето на кинескиот тоталитаризам

August 15, 2026

Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

August 15, 2026
Џабир Дерала

Два јубилеи и една дијагноза

August 15, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Огнена стихија: Екстремни температури, човечки фактор и регионална криза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk