Италијанскиот тенисер Јаник Синер објави соопштение во кое објаснува зошто се договорил со Светската антидопинг агенција (ВАДА) и прифатил тримесечна суспензија.
Суспензијата за користење на забранетата супстанца клостебол е на сила од 9 февруари и ќе трае до 4 мај, што значи дека Синер прво ќе го пропушти турнирот во Доха, каде што беше прв носител.
-Овој случај видеше над мене речиси една година и процесот можеше да трае до крајот на годината. Отсекогаш прифаќав дека сум одговорен за мојот тим и разбирам дека строгите правила на ВАДА се важна заштита за спортот што го сакам. Врз основа на тоа, ја прифатив понудата на ВАДА да ја решиме оваа ситуација со тримесечна суспензија, напиша Синер во својата изјава.
Претходно ВАДА во објаснувањето за тримесечната суспензија истакна дека истрагата заклучила дека Синер немал свесна намера да користи клостебол и дека не извлекол никаква предност во однос на неговите ривали од двата позитивни теста за минимални траги од клостебол откриени во неговото тело.
Суспензијата на Синер ќе истече навреме за тој да игра на Мастерсот во Рим на 15 мај, а потоа и на Ролан Гарос на 25 мај.