ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

ЕК за МИА: Исплатата на средства од Планот за раст на Западниот Балкан се очекува меѓу вториот и третиот квартал

February 17, 2025 11:21
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА

Првите редовни исплати на средства во рамки на Планот за раст на Западниот Балкан се очекуваат помеѓу вториот и третиот квартал од 2025 година, откако ќе бидат исполнети предвидените услови за тоа, изјави за МИА портпарол на Европската комисија.

Тој посочи дека за спроведување на реформите утврдени со Реформските агенди подготвени како дел од Планот на ЕК за раст на Западниот Балкан, шесте земји од регионот може да побараат средства во форма на предфинансирање во износ до седум отсто од вкупната сума предвидена со овој инструмент за секоја од нив.

– Тоа го побараа сите пет корисници со одобрени Реформски агенди, освен Босна и Херцеговина која се уште не ја достави својата Реформска агенда. Комисијата сега ги финализира процедуралните чекори, кои треба да овозможат исплата на предфинансирањето што е можно поскоро во 2025 година. Првите редовни плаќања се очекуваат помеѓу вториот и третиот квартал во 2025 година по исполнување на предвидените услови, додаде портпаролот во изјавата.

Медиуми од регионот викендов објавија дека првите исплати од Планот за раст за Западниот Балкан нема да бидат извршени во првата половина од оваа година, како што беше претходно најавено.

Според овие наводи, застојот е предизвикан поради тоа што земјите од регионот треба да склучат договори за позајмици со Европската Унија, бидејќи дел од средствата што ќе им се доделат во рамки на Планот се во форма на заеми, а дел грантови, па секој од тие договори имаат карактер на меѓународна спогодба што мора да биде ратификувана од Парламентот на соодветната држава.

Нашето Собрание на 27 декември минатата година по скратена постапка го усвои Законот за задолжување со заем кај Европската Унија по Договор за заем од Инструментот за реформи и раст за Западен Балкан, со кој се овозможува исплата на над 750.000 евра како предфинансирање за земјава од Планот за раст.

–  Македонија со целосно спроведување на реформите од Реформската агенда ќе добие 750.354.553 евра во периодот 2024-2027 година, од кои 535.012.159 евра заем и 215.342.394 евра грант. Од нив 349.095.433 евра заем се наменети за буџетска поддршка, а 185.916.725 евра заем и 215.342.394 евра грант се наменети за инвестициски проекти. Најмалку 37 отсто од грантот ќе бидат наменети за климатски цели. Сите повлечени средства од заемот ќе се отплаќаат најдоцна 40 години од датумот на потпишување на Договорот за заем со вклучен грејс период до 10 години, посочи Министерството за финансии при предлагањето на Законот.

Tags: ЕКисплата на средства
Next Post

Трамп поднесе жалба до Врховниот суд поради отпуштањето на шефот на американската агенција

НАЈНОВО

Косово со зголемен пораст на самоубиства, организации бараат поголема поддршка за маргинализираните групи

August 20, 2025

ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

August 20, 2025

Одобрено обвинение како продолжение на истрагата за предметот „Адитив“

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk