ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

„Пукна тиквата“ кај коалициските владини партнери за државниот грб

February 18, 2025 10:44
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Пукна тиквата кај владините коалициски партнери поради промената на државниот грб. Најголемиот коалициски партнер ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ на Максим Димитриевски имаат различни позиции по ова прашање. Додека ВМРО-ДПМНЕ е за промена, па дури и има идеја како ќе изгледа новиот државен грб, ЗНАМ на Максим Димитриевски е против.

Потпретседателот на Собранието, Антонијо Милошоски, смета дека Македонија не треба да остане меѓу ретките држави кои сè уште користат советска симболика на својот државен грб, заедно со Белорусија, Таџикистан и со Ангола.

Според него, отворањето на дебатата за измена на грбот не е поврзано со економската криза или со претстојните локални избори.

– Оваа иницијатива нема врска со изборите. Доколку зборуваме за современи државни обележја, засновани на хералдички принципи, тогаш Македонија навистина треба да изгради грб што ќе ја одразува нејзината историја и определби. Нашата земја има богато историско наследство, кое може да ги поврзе АСНОМ, илинденскиот период и други значајни моменти, а сето тоа да биде претставено преку еден современ државен грб. Таков симбол би ја позиционирал Македонија како дел од европските држави – изјави Милошоски, коментирајќи ја дебатата за промената на државниот грб.

Тој нагласи дека ова прашање не треба да се гледа како средство за дефокусирање на јавноста, туку како можност за креирање обележје што подобро ќе ја претставува земјата на меѓународно ниво.

Претседателот на ЗНАМ Максим Димитриевски смета дека државниот грб во моментов ги задоволува сите потреби и од историски континуитет и од географски континуитет и „ја отсликува реалноста на македонскиот народ и македонската држава“.

Третиот партнер во владината коалиција, ЗНАМ, смета дека ако веќе разговараме за промени на грбот или на државните обележја „ќе се отвори една голема дискусија, една голема тема“.

– Сите тие симболи нам нѝ значат, вклучувајќи го и лавот и сонцето од Кутлеш, коешто за жал согласно Преспанскиот договор повеќе не е составен дел од таа иконографија, но, како и да е – исто така е и петокраката. Ќе отвориме дискусија, па ќе видиме. Не сакам да отфрлам ништо од самиот почеток, изјави Димитриевски.

ЗНАМ, посочи Димитриевски, сметаат дека не треба да се дозволи од државните обележја да имаме дополнително наметнување на политиката и партизација.

Против измените се изјасни и лидерот на СДСМ, Венко Филипче, кој тврди дека државниот Грб доволно ги прикажуваат сите придобивки од народноослободителната војна и дека нема поделба по етничка линија.

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека политичкиот курс за промена на Грбот доаѓа по разговорите со коалициските партнери ВЛЕН. Владејачките албански партии бараат да се смени химната заедно со грбот и да се отсрани придавката 20% за Албанскиот јазик од Уставот.

Но, прашањето за државниот Грбот не е ново, бидејќи во 2014 година се разговараше меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, за вклучување на лавот во него како симбол што би ги претставувал и Албанците. Сега од партијата на Мицкоски оценуваат дека ќе се отвори дебата за измените, со цел да се постигне консензус во недефиниран рок.

Дестан Јонузи

 

Tags: ВМРО-ДПМНЕдржавен грбЗНАМСДСМУстав
Next Post

Судот во БиХ утре ја објавува пресудата за Додик, тој најавува „радикални мерки“ ако биде осуден

НАЈНОВО

ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

August 20, 2025

Одобрено обвинение како продолжение на истрагата за предметот „Адитив“

August 20, 2025

Мицкоски негира дека Казандол ќе биде повторно отворен

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk