ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Замислете свет во кој не постои вистина

February 18, 2025 13:53
in ESPRESSO, ZOOM IN, ДЕНЕС
ЏАБИР ДЕРАЛА (натпис: Што ли ќе правиме со толку многу иднина?) - фотографија: Б. Јордановска / ЦИВИЛ

ЏАБИР ДЕРАЛА (натпис: Што ли ќе правиме со толку многу иднина?) - фотографија: Б. Јордановска / ЦИВИЛ

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Замислете свет во кој вистината веќе не постои…

Замисливте?

И?

Го препознавте светот во кој веќе сега живееме? Свет во кој нема вистина… Или свет во кој вистината може лесно да се замени со манипулации, со лаги…

Се согласувам со вас.

Зошто е тоа така?

Светот се наоѓа пред тешка пресвртница, во која авторитарните сили, олигарсите и воените злосторници се обидуваат да создадат нов светски поредок. И добро им оди, барем засега.

Тоа е свет во кој демократијата, човековите права, почитувањето на различностите, правдата и меѓународното право се избришани и заменети со волјата на малкумина. Тие малкумина (ќе) одлучуваат за судбината, животот и смртта на милиони. Свет во кој олигарсите одлучуваат дали ќе има војна или мир, или замрзнат конфликт. Тие (ќе) одлучуваат како ќе изгледа секојдневието на светската популација.

Тоа се тие малкумина што ќе направат сè за богатите да станат уште побогати, а сиромашните да станат уште посиромашни.

Тие создаваат свет во кој луѓето повеќе нема да знаат кои се фактите, бидејќи медиумските, пропагандните машинерии ќе го обликуваат нивното однесување буквално од една во друга минута. Свет во кој слободната волја ќе биде – криминал.

Тоа е тоа. Или не?

Светот бил и во потешка состојба. На крајот, демократијата и демократските вредности ќе победат. Но тоа не може да се случи само од себе. За победа на демократијата, потребно е сите заедно, веднаш, да не речам вчера, да дејствуваат.

Да застанат на страната на вистината, да трагаат по фактите, да ги почитуваат човековите права и слободи и тоа да го бараат од сите, без исклучок.

И ова треба да биде почеток, можеби задоцнет, но почеток на решителната битка за опстанок на човештвото. Бидејќи, човештвото постои само кога постои слободата.

Немаме таков луксуз – не можеме да си дозволиме да останеме само неми сведоци на падот на демократијата.

ПС. Напишав промпт во кој ги пренесов главните поенти од овој текст на ChatGPT. Тој создаде илустрација која, трагично, не е ни оддалеку толку злокобна како што се реалните фотографии од градовите што ги уништи рускиот агресор во Украина – Мариупол, Бахмут и други, или Алепо во Сирија, или израелската армија во Газа… Страотно е ова што се случува. Ако не го гледате тоа, веќе ве проголтал мракот.

Извор: Цивил Медиа


Next Post

Бербок: Kаков било договор за Украина не може да се преговара без украинско и европско учество

НАЈНОВО

Етнички шеми или граѓански вредности: Дали Македонија е подготвена да гласа по совест, а не по припадност?

October 28, 2025
Фото: Скриншот

Хегсет: Во Тихи Океан уништивме четири бродови со наркотици и убивме 14 наркотерористи

October 28, 2025
Скриншот

Трамп: Имаме неспособен човек на чело на ФЕД

October 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кај и да е ќе дојде и тој ден – овој е ретард

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бесплатен доплер на каротидни артерии на Неврологија во рамки на отворениот ден по повод Светскиот ден на мозочен удар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Арсовска до Мицкоски: Кога ќе бегаш за Будимпешта нема да те собере во гепек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 28 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk